1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

2008-ма ќе биде добра година за германското стопанство

Прогнозите за 2009-та година се помалку оптимистички. Неповолните меѓународни фактори ќе влијаат за забавување на темпото на стопански пораст, предвидуваат економските истражувачи.

default

Светскиот развој има влијание врз стопанството во Германија

Стартот на годинава беше изненадувачки добар за германското стопанство. На годишно ниво сега институтот Ифо прогнозира пораст од 2,4 насто, што е значително повеќе од претходната проценка за стапка од 1,6 насто. Германската емисиона Бундесбанка предвидува 2,3 процента. Но, забавувањето на светската конјунктура, силното евро и високите цени на нафтата ќе влијаат за намалена стопанска динамика во наредната година, според Бундесбанката со пораст од 1,4 проценти, а според Ифо-институтот од само 1 процент.

Во ваков фон, според економските истражувачи, потрошувачите мораат да сметаат на релативно висока инфлација до крајот на годинава - во просек 3,1 насто. Дури во 2009-та ќе попушти притисокот кај цените на нафтата и на прехранбените средства, што ќе предизвика прогнозирано опаѓање на инфлацијата на 2,4 проценти на годишно ниво. Но, и тоа е над границата поставена од Европската централна банка, која смета дека цените се стабилни ако инфлацијата не надминува два насто.

Ќе продолжи намалувањето на невработеноста

Позитивни се прогнозите за натамошно подобрување на ситуацијата на пазарот на работни места: истражувачите годинава сметаат на опаѓање на бројот на невработени за половина милион, на просечно ниво од 3,3 милиони, а наредната година просекот, според нив, треба да спадне на 3,1 милион.

Со оглед на континуираниот тренд во овој поглед, сојузниот претседател Хорст Келер во настапот пред членовите на Сојузното здружение на германската индустрија побара да се постави целосна вработеност како цел, кон која треба да водат натамошни реформски мерки од една нова Агенда 2020, според примерот на досегашната Агенда 2010.

DW.COM