1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2006-та е година на јубилеи

18 јануари 2006

Моцарт, Фројд и Рембранд, Хајне, Бојс и Брехт. Листата на јубилеите годинава е долга. Се слават родендените и годишниците од смртта на големите уметници.

https://p.dw.com/p/AeTi
Фотографија: dpa Bilderdienste

Првиот роденден на еден класичар уште одамна се најавува. Годината на Моцарт започна. Речиси и да нема концерт кој ќе мине без дела на Волфганг Амадеус Моцарт. Наспроти мамутските манифестации по повод 250 годишнината од раѓањето на Моцарт другите јубилеи годинава речиси и да немаат шанси. Сепак годинава е јубилејна и за голем број други личности од областа на уметностите. Се одбележува годишнина од смртта на писателот Хајнрих Хајне, но и роденденот на психоаналитичарот, Сигмунд Фројд или смртта на уметникот, Јосеф Бојс. Сепак, рамо до рамо со славниот Моцарт ќе застане сликарот Рермбрант, имено на 15 јули годинава се одбележуваат 400 години од неговото раѓањње, но уште од декември минатат година во Холандија се организираат изложби, на кои меѓу друготот ќе може да се види и приватна збирка на бакрорези која за прват ќе може целосно да се види, како што појаснува кураторот Кристијан Фогелер

„Горд сум, тоа е извонредна збирка на Фриц Лухт, Холанѓанец кој имаше извонреден вкус и неговата богата сопруга, тоа секогаш е добра комбинација. Тој ги собираше сите бакрорези и сите слики на Рембрант, но тие сега се во Париз, а оваа збирка никогаш не била целосно изложена. Ова е првпат.“

Слики, бакрорези, гравури делото на Рембрант и неговите асистенти е опсежно. Но и тој слично како и Моцарт, не знаеше да раководи со парите, и исто така беше погребан во гроб за сиромашни. Поголемиот дел од животот го мина во Амстердам. Во Рембрант-куќата во Амстердам се изложени 19 слики, кои таму и биле создадени. Една од најзначајните збирки на бакрорези од Рембрант се наоѓа во берлиснкиот кабинет за бакрорези, од каде некои дела се изнајмуваат за разни изложби.

Но, со Рембрант не завршува редицата јубилеи во 2006 година. На 14-ти август се навршуваат 50 години од смртта на писателот Бертолт Брехт. Норвешкиот главен град Осло се подготвува за одбележување на 100 годишнината од смртта на писателот Хенрик Ибсен, а ирско – францускиот писател и мајстор на апсурдниот театар Самуел Бекет автор на „Чекајќи го Годо“ на 13 април годинава би наполнил 100 години. На 6 мај е и 150 годишнината од раѓањето на психоаналитичарот Зигмунд Фројд. Во неговото родно место Фрајберт, денешен Прибор во Чешка, во неговата родна куќа се прави Фројд Музеј.

Во знакот на почести за познати личности годинава стои и германскиот град Диселдорф. Таму е роден и писателот Хајнрих Хајне. Некогата песна Лорелај која има светска слава за 150 годишнината од неговата смрт се изведува во разни изданија

Близок пријател на Хајне беше композиторот Роберт Шуман, кој во 1950 година стана градски музички директор во Диселдорф, а почина во 1856 година. Јосеф Крусе раководителот на Хајнрих Хајне институтот истакнува:

„ Во 2006 година ќе организираме манифестации за одбележувања за двајцата. Хајне почина на 17 февруари, Шуман на 29 јули. Двајцата се запознаа на чуден начин во 1828 година во Минхен.“ Шуман музички ја обработи позната песна на Хајне, Ди бајден Гренадиере.

Во Диселдорф годинава ќе се удостои и модерниот уметник Јосеф Бојс. Бојс родум од Крефелд, студираше на академијата за уметности во Диселдорф, а подоцна во периодот оф 1961 до 1972 и предаваше на неа. Со светска популарност се здобива поради неговите уметнички дела во кои тој употребува необични материјали како филц или масло. По повод 20 години од смртта на Бојс на 23 јануари Кунстпаласт во Диселдорф од 21 јануари до 19 март прикажува изложба со се на се 70 објекти, докуметни и фотографии на уметникот, кој извесен период од неговиот живот воопшто и не сакаше да биде уметник:

„ Кога луѓето ме прашуваат, дали сум уметник, тогаш велам, престанете со тоа ѓубре. Јас не сум уметник. Или тоа би било под услов сите да се сметаме за уметници. Во тој случај и јас сум уметник.“