1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

2004 - Година на Дали во Шпанија

На неговите дела часовниците се топат како сирење, Кихотите се борат со ветерни мелници, а фиоки се отвараат од стомакот на некојa жена: Салвадор Дали еден од најголемите ексцентричари во историјата на уметноста, денеска би наполнил 100 години. Причина повеќе неговата татковина Шпанија годинава да ја прогласи за „Година на Дали“.

Салвадор Дали

Салвадор Дали

По повод 100 роденден на Салвадор Дали голем број на музеи во светот потсетуваат на делото на големиот Сурреалист. Покрај другите во Барселона до 23 мај ќе биде поставена изложбата “ Дали и мас – културата“ , а во музејот за Европска уметниост во замокот Нерфених крај Бон од вчера се изложни, оригинални графики, склуптури и објекти на Дали. Под патронат на кралот Хуан Карло први и кралицата Софија 2004 е прогласена за “година на Дали”.

Салвадор Дали посетуваше уметничко училиште во Фигерас и уметничка академија во Мадрид. Почетоците на неговото творештво се одбележани со влијание на италијанските футуристи. На крајот на 20тите години тој се ориентра кон суреализмот, за кого смета дека е негов сопствен жанр. Неговите фантастични сонувања придонесуваат за неговата популарност во целиот свет. Меѓу неговите дела се наоѓаат и цртежи за накит, мебел и декорации. Делата на Дели и денеска се изложуваат во сите големи уметнички центри во светот.