1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

200 години пивски градини

Тие се атракција и за туристите и за домашното население - баварските пивски градини имаат долга традиција од 200 години. Тие се прилагодуваа со текот на времето, но некои работи до денес важат, и тоа од 1812. година.

Баварските пивски градини се атракција за туристите, но и за самите жители. Овие крчми на отворено настанаа пред два века, кога мајсторите за пиво го складираа своето пиво за во лето. Врз визбите садеа костенови дрвја кои прават дебела сенка и под нив започнаа да точат пиво. Пивската градина на пиварницата Аугустинер е најстарата пивска градина која воедно има и најдолга традиција  во Минхен.

Во оваа пивска градина свири џез бенд од Прага. Локалот е погодно место за излет  јужно од Минхен. Помодарство? Можеби, но традицијата на пивските градини ги обврзува локалните жители: Секој смее овде да си донесе и јадење. Тоа е дозволено со кралската наредба од 1812. година. Годинава значи баварските пивски градини слават 200-ти роденден.

Bayrische Brotzeit Bayern

Јадењето може да се донесе и да се купи

„Мислам, поради самата традиција дека се’уште смееме да го правиме тоа, едноставно е така и произлегува од самиот баварски занает за производство на пиво. Но, мислам дека и двете работи се добри, да можеш да донесеш нешто и тука да купиш. И двете работи се убави“.

Градините и пиварниците- тие се развиваа во изминатите 200 години. На пример пивски градини со пристаниште, но без костени. На туристите на езерето Тегерн и тоа им се допаѓа. Тие доаѓаат во голем број и тоа без сопствено јадење.

Но, некои од жителите жалат по старите времиња.

„За нас едноставно, многу работи изумреа. Сите сеќавања од детството повеќе ги нема. Тоа е штета оти и туристи исто така тоа радо го сакаат. Но, еден ден тоа ќе стане некој вид фолколорен карневал“.

Во меѓувреме може да се купуваат и јадења. Пивските градини  се менуваат во тек со времето. Рибата може да се јаде вака .... или вака. Главно пивото да е вкусно.