200 години пивски градини
15 август 2012Баварските пивски градини се атракција за туристите, но и за самите жители. Овие крчми на отворено настанаа пред два века, кога мајсторите за пиво го складираа своето пиво за во лето. Врз визбите садеа костенови дрвја кои прават дебела сенка и под нив започнаа да точат пиво. Пивската градина на пиварницата Аугустинер е најстарата пивска градина која воедно има и најдолга традиција во Минхен.
Во оваа пивска градина свири џез бенд од Прага. Локалот е погодно место за излет јужно од Минхен. Помодарство? Можеби, но традицијата на пивските градини ги обврзува локалните жители: Секој смее овде да си донесе и јадење. Тоа е дозволено со кралската наредба од 1812. година. Годинава значи баварските пивски градини слават 200-ти роденден.
„Мислам, поради самата традиција дека се’уште смееме да го правиме тоа, едноставно е така и произлегува од самиот баварски занает за производство на пиво. Но, мислам дека и двете работи се добри, да можеш да донесеш нешто и тука да купиш. И двете работи се убави“.
Градините и пиварниците- тие се развиваа во изминатите 200 години. На пример пивски градини со пристаниште, но без костени. На туристите на езерето Тегерн и тоа им се допаѓа. Тие доаѓаат во голем број и тоа без сопствено јадење.
Но, некои од жителите жалат по старите времиња.
„За нас едноставно, многу работи изумреа. Сите сеќавања од детството повеќе ги нема. Тоа е штета оти и туристи исто така тоа радо го сакаат. Но, еден ден тоа ќе стане некој вид фолколорен карневал“.
Во меѓувреме може да се купуваат и јадења. Пивските градини се менуваат во тек со времето. Рибата може да се јаде вака .... или вака. Главно пивото да е вкусно.