1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

200 бегалци се удавија пред суданскиот брег

6 јули 2011

Трагедија во близина на суданскиот брег. Речиси 200 бегалци се удавија откако бродот кој нелегално ги пренесувал се запалил.

https://p.dw.com/p/11pip
Бегалски камп во СуданФотографија: AP

Речиси 200 бегалци од Источна Африка се удавија пред брегот на Судан во Црвеното Море, откако нивниот брод најпрво се запалил, а потоа потонал. Бродот со илегални емигранти пловел од Судан кон Саудиска Арабија. Суданските власти информираа дека само три лица биле спасени во несреќата.

„197 лица се удавија во Црвеното Море, во суданските територијални води, по избувнувањето на пожар на бродот. Емигрантите се обиделе илегално да влезат во Саудиска Арабија“, се наведува во кусата информација на суданската државна агенција.

Автор: АТ/макфакс/дв

Редактор: Горан Чутаноски