1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

20-милионска германска инвестиција во Кавадарци

Германската фирма „Дрeкслмајер груп“ објави оглас за избор на врвниот менаџерски тим во фабриката за електроника за автомобили што ќе ја гради во Кавадарци.

Германската „Дрeкслмајер груп“ во фабриката во Кавадарци планира да инвeстира најмалку 20 милиони евра и да отвори 3.000 до 4.000 вработувања. Ќе произведува електроника и електронски кабли за автомобили, кои ќе бидат наменети за германскиот пазар. „Според нашите проценки очекуваме над 100 милиони евра извоз на годишно ниво, од кои нето од 40 милиони ќе бидат додадена вредност во Македонија. Со оваа инвестиција ќе имаме можност да бидеме една од ретките земји кои се нето извозници за Германија“, изјави денеска министерот за странски инвестиции, Веле Самак.

Одлична можност за вработување

Главен клиент на „Дрeкслмајер груп“ за фабриката во Кавадарци е „Мерцедес“, а соработува со сите премиум автомобилски брендови од Германија. Според првичните планови, во првата година од стартот на инвестицијата ќе бидат вработени 300 до 400 лица, а во наредните три години бројката на вработени треба да достигне 3.000 до 4.000. Со огласот за избор наврниот менаџерски тим, германската фирма бара лица за позициите технички, комерцијален, финансов и кадров директор, како и асистент менаџер. Следната недела ќе биде објавен и оглас за 10 до 15 менаџерски позиции за шефови на производство, за квалитет, логистика, инжeнерски позиции. За неколку месеци, кога ќе почне реализацијата на нивната инвестциија, ќе имаат огласи и за останатите позиции. „Ова е одлична можност за многу луѓе кои се наоѓаат себеси во ваква струка и професија да аплицираат за фирма која за некоја година ќе стане можеби најголемиот работодавач во Македонија“ , рече Самак.

53 фабрики ширум светот

Германската фирма претежно бара луѓе со искуство во приватниот сектор од производните сектори, индустријата, а поволност е искуството во автомобилската индустрија. Примарно е и знаењето англиски јазик. Се бара знаење и германски јазик, но не е пресудно за сите позиции. Македонската работна сила, смета Самак, може да одговори на условите што се бараат на огласите. Тој информира дека германскиот инвеститор ја потврдил одлуката за вложување во декември лани. Главната причина за локацијата на инвестицијата, посочи,е големата невработеност во регионот. Се отвора можност за вработувања на лица од Кавадрци, Неготино, Велес, Прилеп, во кои има голема невработеност. „Дракслмајер груп“ е една од најголемите компании за производство на авто-делови. Во нејзиното портфолио се присутни изработки за BMW, Mercedes-Benz, Porche, Audi, Bugatti, Jaguar.... Основана e во 1958. година и има 53 фабрики низ светот.