1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

20 годишен јубилеј на Експолингуа

Големиот број излагачи - 213 од 32 земји, го потврдуваат денепшното значење на саемот за странските јазици Експолингуа. Освен светските претставени се и помалку познатите јазици за кои публиката има интересирање.

default

Учење странски јазик со компјутер - тренд во светот

Руската куќа на Фридрихштрасе, во срцето на Берлин, викендов наликува на Вавилонската кула, во која според преданијата, се измешале јазиците. Тоа деновиве е место каде можат да се чујат различни јазици и каде барем за кратко е пренесено парче од светската култура. Тука по дваесетти пат се оддржува саемот Експолингуа, од каде до публиката се пренесува и пораката на ЕУ дека учењето на јазиците и нивната разноликост се цел на европската политиката за јазиците. Станува збор за единствен меѓународен саем за јазикот и културата на германскиот простор. Годинава тука се презентирани 60 јазици и различните можности за нивно учење. Публиката ја чинат како учениците, студентите и обични заинтересирани, така и професори, доценти, јазични експерти.

Посебни тежишта на годинашниот саем се земјите гости - Австралија и Нов Зеланд кои се застапени со 35 излагачи. Гостински јазик е рускиот.

"Но, Експолигуа не го чинат само штандовите и излагачите. Имаме и стручна програма - 80 предавања за различни теми околу јазикот. Во текот на трите саемски дена се нудат и мини курсеви, информации за студирање, престој и патувања во странство. Најпосле, имаме и културна програма со многу странски филмови” - подвлекува Кристијан Аухтер од тимот на Експолингуа кој ги коментира и топ актуелностите:

"На Експолигуа има и понуди за учење странски јазик со модерните медиуми и копјутери. Повеќе информации за системот на ваквото учење нудат неколку предавања во стручната програма. Тука се и понудувачите на ваквите програми што е тренд во учењето странски јазик”.

Аухтер ги кажува настојувањата на Експолингуа секоја година да се донесат нови јазици. Можеби не многу распространети, но интересни за одредена публика. Годинава нов тука е бугарскиот, но својот јазик и култура за првпат ги претставуваат и учесниците од Чиле, Кореа, Уругвај и Литванија. За новите и помалите јазици, како македонскиот , вратите секогаш се отворени!