1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

20 години од смртта на Јозеф Бојс

На 23 јануари пред точно две децении почина еден од најголемите германски уметници на 20-от век ,Јозеф Бојс. Бројни ликовни критичари и теоретичари на уметноста сеуште се обидуваат да го одгонетнат и појаснат феноменот Бојс, без оглед на тоа што за овој автор уште за време на неговиот живот беа објавени безброј текстови , есеи и студии.

default

Бојс е уметник , кој со своето творење сакаше да ги прошири границите на уметничкото творештво , како и перцепциите на тоа: што е уметноста , односно таканареченото уметничко дело. Со своите акции перформанси , инсталации и амбиенти , тој непрекинато покажуваше како тие граници воопшто не е можно, а ниту е потребно, јасно да се дефинираат. Бидејќи за него животот е уметност, а уметноста живот. Исто така не признава ниту битна разлика меѓу уметниците и не уметниците: неговата позната реченица „Секој човек е уметник“ и денес предизвикува прилична иритираност и неразбирање.

Еден од обидите за подобро разбирање на Бојс, 20 години по неговата смрт е изложбата во музејот на уметноста во Бон под име „Знаци од синиот простор„ на која до 12 фебруари можат да се разгледаат неговите објекти, таканаречените мултипли, како и негови графички серии.

Комплексниот мисловен состав врз чија сонова Бојс ја создал својата уметничка теорија и пракса е базирана врз учењето на филозофот, педагогот и уметник Рудол Штајнер, факт на кој се повикуваат мал број на автори кои пишуваат за Бојс.

Без познавање на начелата на антропозофската мисла за тоа како функционираат односите меѓу микро и макро космосот, неговите трудови наликуваат како некој вид ексцентрични и произволни соинџири на асоцијациии уметничка слобода на генијалниот поединец. Бојс не само што ја превзел и преработил сржта на антропозофските сваќања на Штајнер, за човекот и неговата поврзаност со природата и вселената, туку и неговите познати плочи. Цртежите од предавањата за поврзаноста на природата, човекот и општеството, како и специфичната улога на уметноста во поврзувањето и продлабочувањето на тие односи, по методологијата и иконографијата се надоврзуваат на цртежите на Рудолф Штајнер.

На изложбата во Бон за тие антропозофски корени на Бојс нема ниту збор. На неа во прв план се неговите муклтипли, околу триста. Тоа се дела кои се состојат од неколку различни предмети или материјали за секојдневна употреба, кои се доведени во нов контекст и со тоа попримиле ново значење. Но и тие радови речиси и да не е можно да се дешифрираат без познавање на неколку детали од биографијата на Бојс. Така на пример едно од неговите познати дела, санка со прекривач, светилка и парче сланина, тешко е да се разбере без да се познаваат клучните моменти од неговата биографија. Тој имено како млад војник во германската армија за време на втората светска војна бил во служба како пилот. Неговиот авион бил соборен некаде во регионите на Сибир. Тој успеал да ја преживее несреќата благодарение на локалните селани кои го извлекле од остатоците од авионот и му пружиле соодветна нега. Во живот го одржале според сибирскиот рецепт: го завиткале во прекривачи, му ставале облоги од сланина и на санки го пренеле до првото топло засолниште.

Авторот на изложбата во музејот во Бон, Кристоф Шрејер вака го обајснува ова пиознато дело на Бојс:

„ Овде во средишниот изложбен простор се собрани неговите најважни дела составени од повеќе делови, таканаречените мултипли. Тука се санките кои преставуваат некој вид симболичен „ ковчег за преживување„. Тоа се предмети кои се потребни за преживување во одредени екстремни ситуации. Со нив може да се движи и во најтешки услови, тоа на Бојс му било многу важно.

Туека е и прекривачот од филц, здолниште од животински влакна која грее, светилката за помош со која може да се ориентираш во темница. Тука е и парче сланина што преставува храна. Тие предмети покажуваат како Бојс не ја разбирал уметноста како луксузни предмети, туку како нешто што е егзистенцијално нужно за преживување. Во своите дела тој тоа ни го предочува„

Темата на поврзаноста на животот и смртта е една од омилените теми на Бојс, со која се занимава во своите акции, перформанси и инсталациите. За него, се што постои е потенцијален предмет и средство за уметничко артикулирање, вклучувајќи го и човечкиот говор. За него говорот значи повеќе од обичниот звук на неговиот роден крај, по течението на реката Рајна. Тие звуци за него преставуваат скулптури, појаснува Кристоф Шрејер

„ Тоа дело е создадено во 1968 година во неговата класа на уметничката академија во Дизелдорф. Тоа има и своја предисторија. Веројатно тие гласови ги слушнал во неговиот крај, за време на поворки кога можеле да се слушнат стари жени како постојано повторуваат, да,да,сега веќе е починат, не не, тоа е страшно....„

За Бојс беше најважно уметрничкото дело да преставува отелотворување на жива материја, односно енергија. Како и со уметничките делувања да се регистрира и документира протокот и делувањето на таа енергија. Заради тоа, токму таа уметност за Бојс имала многу значајна улога во општеството. Тој се залагаше уметноста да ја преземе улогата на некој вид катализатор на општествените процеси, кои би превладувале над закоравените општествени структури. Позната е неговата мисла: „целта на уметноста е дфа ги ослободува луѓето.Заради тоа, за мене, уметноста е наука за слободата„ зборуваше Бојс.

Заради тоа многумина го паметат како револуционерна личност на современата уметност, со неговиот карактеристичен шешир, костум, а и бројни негови настапи во јавноста имаа провокативен карактер, револуција и атракција. Тоа секако извонредно го изразуваше духот на шеесетите и седумдесетите години од минатиот век, периодот кога Бојс уметнички беше најактивен.

Денес, делата на Бојс се наоѓаат во сите значајни институции кои ја преставуваат уметноста на 20 век. На уметничкиот пазар неговите дела се претворија во она што тој не го сакаше, вистински фетиши, надвор од нивниот изворен контекст, чија вредност ја диктираат пазарните закони.