1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

150 години од смртта на Хајнрих Хајне

На 17 февруари во Диселдорф официјално почнува годината на Хајнрих Хајне. На овој ден се навршуваат 150 години од смртта на поетот и публицист.

Хајнрих Хајне

Хајнрих Хајне

Важи за поет на доцниот романтизам и основач на модерниот фељтонизам. Со неговиот ведар, ироничен стил, кој со потсмев ги посматра неговото време и неговите современици Хајне ги подели критичарите. Едните ја воздигнуваат неговата лирика, другите ги критикуваат неговите полемички списи. Хајне немаше влакна на јазикот што се однесува до политиката на големите во Германија. Еден цитата од песната „ Ноќни размисли“ од 1843 година го потврдува ова „Кога навечер на Германија мислам јас, сон не ме фаќа.“

Хајнрих Хајне е роден во еврејско семејство. Во Диселдорф посетуваше Лицеум – гиманзија. По несупешната обука за трговец, студираше право во Бон, Гетинген и Берлин. Но и тоа беше против неговата воља, имено тој доста рано беше убеден дека ќе стане голем поет. 1825 стана христијанин и се прекрсти во Крисијан Јохан Хајнрих. Додуша во тој период во Диселдорф немаше гетоизација на евреите како во Франкфурт или Берлин но Хајнрих Хајне како евреин не би може да стане преавник. Сепак тоа не беше единствената причина за неговото прекрстување, појаснува Јосеф Краусе, раководител на Хајнрих Хајне институтот во Диселдорф

„Самата одлука да се покрсти не е поврзана само со тоа дека без христијанско крштевање воопшто не би можел да извршува јавна служба. Одлуката можеби е поврзана и со тоа, еден германски писател, кој потекнува од традиционалната област на романтичарската литература има потреба повеќе од крстијанска позадина на неговото пошироко опкружување.“

Хајне израсна во Диселдорф, на Болкерштрасе, и денеска позната како најголемиот шанк на светот поради големи број гостилници. Гостилница беше и родната куќа на Хајне, но денеска преуредена имено таму сега се отвара литературен центар.

Но додека Хајне одеше на училиште, Французите ја запоседнаа рајнската област. На тој начин големиот писател дојде во контакт со францускиот јазик и литература. Бидејќи му се воодушевуваше на Наполеон 1, по повод неговото окупирање на Диселдорф во 1811 година ја напиша една од неговите најпознати песни „Гренадире“, Роберт Шуман за неа компонираше музика.

1830 Хајне замина во егзил во Париз, од каде работеше како коресподент за Алгемајне Цајтунг од Аугсбург. Тој страдаше од реставрацијата на Германија и во својата татковина доаѓаше само на гости. Во 1843 и 44 настана неговиот епос „ Германија една зимска бајка “ во која изразува полемичка критика на состојбите во политиката, културата и општеството. Поради тоа неговите дела во Германија беа цензурирани и забранети, пред се од страна на национал социјалистите

„Хајне има меѓународно влијание, кое е многу пославно и поконтинуирано, отколку неговото влијание во Германија.“

Денеска во Диселдорф именувана е улица Хајне штрасе, Хајне плоштад, музеј и Хајнрих Хајне институт, почит за пистелот кој ги напиша стиховите на светски познатат Лорелај, но за тоа требаше време. Оддавање значење без никакви предрасуди за делото на Хајне се случи дури во 1968 година, а универзитетот во Диселдорф го носи неговотот име од 1989 година.

Но иако Хајне беше ироничен кон Германија, сепак го сакаше својот роден крај, рајнската област

„Рајна и тамошните граѓани, близината на Франција, Рајна како сопствена татковина. Тогаш имаше голем спор меѓу Германците и Французите кому му припаѓа Рајна, Хајне кратко појасни: Мене, оти на слободната Рајна, јас сум уште послободен син. “

Во различни списи Хајне се обидуваше да посредува меѓу културните разноликости на неговата татковина Германија и татковина по избор Франција. Во Фрнација за запозна неговата сопруга Матилде, продавачка на чевли, која со него остана до крајот на неговиот живот и покрај тешката болест. Осум години таа го негуваше во неговиот така наречен матратцен груфт. Почина на 17 февруари 1856 во Париз, и беше погребан на гробиштата Монмартр.