1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

15 години независна Македонија

Години во кои се постигнати многу работи,но години кои беа полни и со турбуленции.На политичкото небо сеуште висат нерешниот спор околу името со Грција,отвореното прашање на северната граница,големата сиромаштија.Во перспектива-светлоста на евроатланските интеграции.

default

„Да ви честитам, слободна, суверена и самостојна Македонија!„

Вака првиот претседател, стариот комунистички лидер Киро Глигоров ја запали масата на скопскиот плоштад. Од тие еуфорични и патриотски мигови, по референдумот за отцепување од екс – југословенската федерација и самостојноста, Македонија изминува 15 години. Тоа е време на перманентно докажување и оспорување, дали ќе го сочува уставното име и колку ќе супее да изгради мултиетничка заедница со 65% Македонци, 25% Албанци и 10-тина проценти Срби, Власи, Роми, Бошњаци.

Македонија стана членка на ОН под рефренцата ФИРОМ, откако Грција излобира оспорување на името Македонија претендирајќи на авторство за името на својата северна покраина. „Мора да го промените името„ – испрати ТВ порака во 1993-та година премиерот Мицотакис, под чие водство растеше анти-македонското расположение во Грција. Тој сепак ја одби понудата на Милошевиќ за поделба на Македонија во договор меѓу Атина и Белград. Трпеливото посредништво на САд и на Сајрус Венс ги смирија тензиите меѓу Грција и Македонија. По потпишувањето на спогодбата во Њујорк, американскиот претседател Бил Клинтон од Белата куќа порача:

„САД испратија трупи во Поранешната југословенска република Македонија во обид да се спречи ширењето на војната на Балканот„ – рече Клинтон пред преговарачите на Атина и Скопје.

Една деценија подоцна, во 2004-та година САД ја признаа Македонија под уставното име.

„Денешниов настан е и доказ дека Република Македонија има свои пријатели и сојузници во светот„ – реагираше третиот претседател Бранко Црвенковски. Македонија ја признаваат уште Русија и Кина, се на се три од петте постојани членки на Советот за безбедност. Овој витален орган на ОН го штити и интегритетот и границите на Република Македонија со своите сини шлемови. Присуството на меѓународните воени и полициски мисии заврши со Проксима, како прва мисија на мирот од ЕУ.

Во изминативе 15 години Македонија се соочи и со два теста за својата државност: бегалската криза од Косово и внатрешниот судир и конфликт, кој не прерасна во граѓанска војна. Во 1999-та година Македонија прими 400.000 албански бегалци од Косово. Бегалците беа 20% од нејзиното население.

Со про-НАТО поддршката за напад врз Србија, Македонија успеа да стане сојузник за САД и Алијансата.Косовската криза како сврзани садови се прелеа и во соседството.Две години подоцна,во 2001 година,етничките Албанци,под амблемите на УЧК и ОНА побараа поголема уставна самостојност и национални права,консенсуална демократија во Македонија.По шест месеци судири и неколку стотини загинати,меѓународната заедница спречи граѓанска војна.

„Етничките Албанци се разоружаа,вашата земја има шанси да го врати мирот“,рече генералниот секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон еден час по потпишаното примирје. Судирот заврши со договор на лидерите на македонската и албанската етничка заедница во Охрид.

„Морам да го истакнам фактот дека сум мошне задоволен пред се од лидерите кои за време на оваа шестмесечна расправа ги оставија настрана сите нивни интерси во функција на интересот –стабилноста и просперитетот на својата земја“,рече вториот македонски претседател Борис Трајковски,кој земјата ја водеше со проамериканска политика.Загина во мистериозна авионска несреќа,како што сеуште се неразјаснети мотивите и за атентатот од 1995 година врз првиот шеф ба макеоднската држава,Киро Глигоров.

Етничките Албанци,кои не гласаа на референдумот за самостојност,не се изјаснија ни за уставот на Македонија,конечно гласаа за 16-те уставни амандмани за своите национални права и со тоа му дадоа легитимет на конституционалниот акт.

„Треба да чекориме напред,да ја градиме иднината на унитарна Македонија,истото воено поглавје да не се повтори“,рече неодамна во интервју за Дојче Веле Али Ахмети,кој од водач на ОНА, стана лидер на ДУИ,влезе во владата на премиерот Владо Бучковски.Сега во улога на опозиционер се заканува со нови политички дестабилизации,зашто не е дел од новата влада на Никола Груевски.

Во 15-те години самостојност,со сите грчко српски блокади,лошата и честопати криминализирана приватизација,со стагнацијата во економскиот развој,растечката корупција,Македонија како мултиетничка држава сепак стана голем европски експеримент и доби кандидатски статус за ЕУ:

„Исполнете ги обврските за реформите,не треба да даеме прецизни датуми за преговори околу членството на вашата земја“,им порача на властите во Скопје Хозе Мануел Барозо,претседател на ЕК.Тој дојде во главниот град за да ја покаже европската заинтересираност за иднината на Македонија,но со јасно предупредување до сите власти:реформи и само реформи.

Македонската перспектива сеуште е под знакот на зачувување на нејзиниот интегритет,во тие рамки е и проблематизирање на границата кон Косово,југословенската покраина.

-Ставот е јасен,нема менување на границите,тоа е во согласност со принципите на Контакт групата,рече во Скопје косовскиот премиер Агим Чеку, како одговор за сеуште необележената македонска граница во делот кон Косово,засега очигледно единственото,но симптоматично отворено прашање на македонската перспектива.Со сите свои внатрешни недоречености,Македонија сепак се обидува преку членството во НАТО и во ЕУ да го зачува својот државен идентитет и територијален интегритет.