1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

15 години дипломатски односи со земјите од ЕУ

Во Домот на армијата во Скопје синоќа (17.12.2008) свечено беа одбележани 15 години од воспоставување на дипломатските односи на Македонија со 13 земји од Европа.

default

„Независна, самостојна и стабилна држава, членка на европското семејство. Со одлуката за признавање и дипломатските односи пред 15 години, токму тоа и го направивме“, истакна францускиот амбасадор во Македонија, Бернар Валеро, во улога на претседавач со унијата. Прославата во Домот на АРМ е дел од неделата на културни манифестации под мото „Европското партнерство и пријателство“.

Ден на отворени врати

Денот мина и со отворени врати на амбасадите во Скопје. Граѓани, кои во други, работни денови, со редици документи чекаа визи за патување, овојпат не покажаа особен интерес. За оние кои сепак дојдоа, добар домаќин, меѓу другите, беше и британскиот амбасадор, Ендрју Ки. Тој на добар македонски јазик, околу спорот со името, рече:

„Има процес во ОН и го поддржуваме тој процес. Се надевам дека ќе се најде решение и дека тоа ќе се случи наскоро.“

Спорот со името деценијаипол значи и блокади. Пред 15 години блокадите беа во форма на економски санкции од Атина. Годинава тоа е ветото за прием во НАТО и пречки за зачленување во ЕУ. Синоќешниот собир, на кој присуствуваа претставниците на дипломатскиот кор во Македонија, шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски го искористи и за одговор на најновите изјави на грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани дека Атина смета оти името Македонија содржи територијални претензии кон северната грчка провинција која го носи истото име. Милошоски нагласи:

Mazedonien Außenminister Antonio Milososki zu Kosovo

Министерот Антонио Милошоски тврди дека Македонија пред Меѓународниот суд на правдата ќе има сериозен пристап

„Македонија е единствена земја во регионот која во својот устав изречно го има наведено почитувањето на територијалниот интегритет и границите на сите соседни држави, како темелен принцип на нашето однесување во духот на добрососедство“, изјави тој.

Македонија нема да одолговлекува

Македонскиот министер за надворешни работи најави дека како тужител, Македонија пред Меѓународниот суд на правдата, ќе има сериозен пристап и нема намера да го одолговлекува процесот во кој сака да докаже дека Грција нема право на вето на евроатлантските аспирации на земјата. На 19 јануари 2009 година, во Хаг, претседателот на судот Розали Хингис, првпат ќе се соочи со адвокатите и застапниците на Скопје и Атина. Потоа ќе се одреди датумот за заседание на Меѓународниот суд на правдата кој ќе решава – дали има основа за тужба против Грција.

DW.COM