1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

14 февруари ден на љубовта

Заљубените од целиот свет на 14 февруари на различни начини ја искажуваат и докажуват својата љубов, бидејќи тоа е денот кога се се слави празникот на љубовта Свети Валентин. Празник на кој најверојатно значењето му го даде црковниот светец, бискупот од Терни.

default

Цвеќиња, картички и чоколадни бомбони, овие три работи важат како стандардни подароци за празникот на љубовта, но на овој ден 14 февруари се полага и на креативноста, така што нема граници за тоа како ќе се изрази љубовта. А Токму тие љубовните изјави се заедничик за сите на Свети Валентин.

Околу потеклото на овој ден се плетат повеќе легенди. Според едно предание, денот Свети Валентин се поврзува со италијански бискуп, Свети Валентин од Терни, кој бил погубен на 14 февруари 269 година, поради неговата христијанска вера. Претходно тој вечавал двојки и покрај забраната од кралот. Венчаниот на „Сан Валентино“ потоа му подарувал цвеќе од неговата градина.

Денеска посмртните остатоци од Свети Валентин, се верува дека лежат во градската црква Свети Михаел во Крумбах, Швабија, а граѓаните тоа го дознаа дури пред триесет и четири години.

Попот во црквата Маркус Холцхој вели. „Знаевме дека станува збор за реликвии на еден Валентин, но за кој, тоа долго време ни беше загатка.“

Пребарувајќи во архивите, попот случајно стигнал до документ кој потврдува дека венецијански достоинственик во 1734 години реликвиите на Светецот од катакомбите во Рим ги пренел во Крумбах, зошто токму таму? Тоа се уште е непознато. Но како и да е сега жителите на овој град се горди на проминентиот патрон на љубовта.

Од четвртиот век, хритијаните го слават денот кога бил погубен Свети Валентин во форма на празник и игри. Оваа традиција е оддржана до денеска во Германија, Франција, Англија, но празникот на љубовта денеска се прославува и во земјите каде тоа до сега не беше традиција како Кина или Јапонија.