1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

14 месеци финансиски додатот за родителите

Германскиот кабинет денеска го усвои предлогот за финансиски додаток за родителите , кој се очекува да го сопре негативниот демографски тренд и да го направи поатрактивно мајчинството.

Од 1 јануари 2007 родителите кои ќе останат крај своето бебе ќе добиваат од 300 до 1.800 евра месечно - Урсула фон дер Лаиен, министер за семејство

Од 1 јануари 2007 родителите кои ќе останат крај своето бебе ќе добиваат од 300 до 1.800 евра месечно - Урсула фон дер Лаиен, министер за семејство

,Финансискиот додаток за родителите пристигнува! И да бидам во тренд со актуелните случувања , ќе кажам 1 спрема 0 за семејството” вака министерската за семејство Урсула фон дер Лаиен го оквалификува зеленеото светло од кабинетот за законскиот предлог со кој се покажува дека на општеството не му е сеедно дали семејството има подмладок или не!

Финансискиот додаток за родителите ќе биде исплатуван на мајката и таткото најмногу 14 месеци. Тој период родителите може слободно да го поделат 7 месеци за мајката и исто толку за таткото или 8 према 6 или поинаку како сакаат. Битно е што еден родител може максимално да биде на отсуство 12 месеци.

На родителите ќе им се исплаќаат 67 проценти од бруто платата, но не повеќе од 1.800 евра месечно. За оние кои не биле вработени надоместот ќе изнесува 300 евра. Едновремено предвиден е и своевиден бонус доколку во рок од 24 месеци во семејството се роди уште едно дете.

Законот треба да стапи на сила од 1 јануари 2007 година, кога се очекува за оваа намена да бидат насочени 3,55 милијарди евра.

Инаку, како што кажа министерката фон дер Лаиен во моментов само 5 процентио од татковците го користат правото на родителски надоместок место мајката. Со навата регулатива која идната недела ќе се најде во Бундестагот, се очекува овој процент да достигне до 27.

“Финансискиот додаток за родителите е еден од најзначајните столбови на новата семејна политика,Но, не е единствен ” истакна минситерката фон дер Лаиен подвлекувајќи го значењето на згрижувањето и новата иницијатива за приемчивост на семејствата со деца во работната средина, која ја прифатија 142 претпријатија, установи и универзитети, кои добија и сертификати на министерството за семејство.