1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

14 загинати во хеликоптерска несреќа во Авганистан

12 турски војници и две авганистански девојчиња загинаа денеска при уривање на хеликоптер, кој паднал врз куќa надвор од авганистанскиот главен град Кабул.

default

Местото на падот на хеликоптерот

Не е позната причината за уривањето на турскиот хеликоптер, кој бил дел од ИСАФ мисијата во Авганистан. Несреќата ја потврди и турското Министерство за надворешни работи. Хеликоптерот „Сикорски“ бил во мисија, како дел од НАТО трупите во Авганистан, во моментот кога паднал.

„Дванаесет луѓе од нашиот воен персонал загинаа. Причината за несреќата ќе се разјасни по инспекцијата на тимовите“, изјавија од турското МНР.

Познато е дека немало непријателска активност во моментот на падот во областа каде се случила несреќата, велат од НАТО. Хеликоптерот најпрво поткачил една куќа и потоа се урнал во друга. Со такво сведоштво излезе Сајед Кајим, локален жител, кој го видел падот на леталото.

DARF NICHT MEHR VERWENDET WERDEN: Afghanistan NATO ISAF Helikopter Absturz

Местото на падот на хеликоптерот

Авганистанското Министерство за внатрешни работи информираше дека девојчињата загинале така што се затекнале на местото на несреќата, а жена и друго дете се повредени.

Денешната несреќа е најсмртоносна за НАТО трупите од август, кога 30 американски војници загинаа во напад на хеликоптер „Чинок“ со кој биле во мисија во центарот на Авганистан.

Автор: Александар Методијев /БГ/афп/ап

Редактор: Симе Недевски