1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

13-ти плати во Германија

Најголем дел од германските фирми, и покрај сите поплаки за финансиската ситуација и најавите за драстично штедење, на своите вработени оваа година ќе им ги исплатат традиционалните 13 –ти плати.

Годишната исплата на финансискиот додаток е позајмена од тарифните договори во германската економија. За овој Божиќ две третини од германските работници можат да сметаат на таквиот подарок. Помалку изненадува што додатокот е голем – имено, во економски тешките времиња кога се зборува дека е намален конјуктурниот раст, претпријатијата имаат право да не ја исплатат 13-та плата.

Речиси 20 милиони работници оваа година посебно се радуваат на доаѓањето на Божиќ. На нивните банковни сметки овој декември нема да биде префрлена само нивната месечна плата, туку и дополнителниот бонус. Износот на божиќницата, како што се нарекува во Германија, зависи од браншата. Хаген Лес од институтот за економија во Келн, објаснува:

,, Таа се движи меѓу полна месечна плата како на пример кај банките или производителите на енергија па до износот што се исплаќа во трговијата, односно меѓу 62% и 50% од месечните примања, зависно дали станува збор за западна или Источна Геманија. Но некои градежници на Истокот божиќницата воопшто не ја добиваат. “

На дното на скалата се наоѓа само германскиот градежен сектор кој пати од лош конјуктурен развој, како и луѓето вработени во хотелиерството и гастрономијата, кои по правило не добиваат екстра бонус.

Вкупно гледано, оваа година 13-та плата ќе добијат речиси три милиони работници помалку отколку во 2004 та година. Тоа е вообичаен чекор во економски тешките времиња, нагласува Хаген Леш. Честопати работниците се согласуваат да добијат помал паричен додаток, со цел со заштедените пари да се спречи редуцирањето на бројот на работните места во фирмите. Работодавачите пак, висината на божиќницата ја одредуваат според постигнатиот успех:

,, На пример во хемиската индустрија. Работниците во таа бранша имаат право на 95%од месечната плата, но од профитот ќе зависи дали таа ќе биде редуцирана за 15 или зголемена за 30%“ вели Хаген Леш.

Розеви времиња кога станува збор за 13 та плата не ја очекуваат ниту германската бирократија. Новата сојузна влада планира резови во висина од 50%.