13 мртви во американски напад во Багдад
11 октомври 2007Реклама
Најмалку 13 осомничени бунтовници, меѓу нив и тројца членови на Ал Каеда се убиени во воздушен напад на американската армија во Багдад. Станува збор за лица кои се одговорни за убиството на еден сунитски свештеник, кој проповедал против Ал Каеда, соопшти американската армија.