1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

12,2 проценти до 14 часот

Неофицијалните податоци на на невладината организација МОСТ , укажуваат на ваков одзив во првите 8 часови од референдумското изјаснување во Македонија

Според неофицијалните податоци на невладината организација МОСТ која ги набљудува изборите одзивот до 14 часот изнесува 12,2 проценти. Според последните неофицијални податоци пак кои ги објави државната изборна комисија – одзивот на гласачите до 10 часот изнесувал 4,3 проценти. Утринава без проблеми беа отворени сите гласачки места во земјата –беше уште соопштено во ДИК.

Според невладината организација Мост пак одзивот на граѓаните на референдумот во првите четири часови значи од 7 кога беа отворени изборните места па до 10 часот е помал и изнесувал 3,4 проценти .

Колку за илустрација на претходните претседателски избори во пролетта годинава за првите три часа тогаш гласале 6,7 насто.

Во ДИК соопштија оти досега нема проблеми во одвивањето на референдумот и дека освен извесни задоцнувања во десетина изборни места, гласањето се одвива без проблеми.

Инаку право да се изјаснат на референдумот имаат Над Еден милион и 700 избирачи. Референдумот го иницираше Светскиот македонски конгрес а го организира ДИК. Референдумот го набљудуаат околу 11.000 претсавници на Светскиот македонски конгрес невладината органзиација мост а меѓу нив и 200 експерти и дипломати на ОБСЕ Советот на Европа, САД и ЕУ. Гласањето ќе заврши во 19 часот и до полноќ би требало да се знаат резулатите од референумот. За да биде успешен неоходен е одзив од најмалку 855 илјади гласачи од кои половината би биле за сариот закон од 96 година.