1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

12 доживотни затворски казни за сомалиски пират

СН/АМ/ртр/афп/дпа14 август 2012

Суд во САД на еден сомалиски пират му одреди 12 доживотни казни затвор и исплата на отшетата од 5,4 милиони долари.

https://p.dw.com/p/15p9k
Фотографија: Getty Images

Сомалиецот Мохамед Саали Шибин беше прогласен за виновен дека учествувал во пиратски напади на еден германски и на еден американски брод. Тој играл клучна улога во изнудувањето откупнина за заорбените членови на екипажите на бродовите, заклучија судиите во Норфолк во сојузната држава Вирџинија. Обвинетиот може да говори за среќа, со оглед дека не добил смртна казна“, истакна судијата Роберт Думар.

Убиени четири американски заложници

Во нападите извршени во 2010 и 2011 година членови на екипажите биле измачувани, а четворица американски државјани биле убиени.

Шибин е прогласен за виновен дека бил клучен во пиратскиот напад врз една американска јахта во февруари 2011-та пред брегот на Сомалија. Четворицата заложници, Џин и Скот Адам, како и Филис Макај и Боб Ригл подоцна биле убиени и покрај обидите на американската војска да издејствува нивно ослободување преку преговори.

Вториот пиратски напад, за кој пред судот во Норфолк е докажана вината на Сомалиецот Шибин, се случил во мај 2010 година врз еден германски товарен брод. 22-та членови на екипажот биле држени како заложници седум месеци и во овој период биле постојано измачувани.

Адвокатот на осудениот најави дека ќе поднесе жалба на пресудата.