1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

112 го спасува животот

Европската Комисија, европарламентот и чешкото претседателство со ЕУ за прв пат одбележуваат „Европски ден на 112“. Овој број треба да си го меморирате на вашите мобилни телефони, оти некогаш може да ви го спаси животот!

default

Ако ви се случи нешто дома, или во вашата земја, тогаш сигурно без многу да размислувате се сеќавате на телефонскиот број на кој можете да побарате итна помош. Но, што ако сте во странство? Без грижа, барем што се однесува до 27-те земји на ЕУ. Во сите нив важи единствениот позивен број 112. Во најголемиот дел од нив спасувачките служби веднаш можат и да локализираат каде се наоѓате, дури и ако вие самите не сте сигурни и не можете да опишете каде сте. 112 е број кој спасува живот!




►◄