1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

11.000 германски ученици затруени најверојатно од кинески јагоди

Најголемото труење со храна во Германија, од кое повеќе од 11.000 германски ученици добија дијареа и повраќање, постои голема веројатност да е предизвикано од замрзнати јагоди од Кина информираа вчера германските власти.

Институтот „Роберт Кох“, кој го советува германското Министерство за здравство за прашања поврзани со инфективни заболувања, информираше дека пронашол „силена и статистички значајна поврзаност“ меѓу избивањето на епидемијата и „конзумирањето производи направени од замрзнати јагоди“. Тие се веројатниот предизвикувач на најголемата гастро-интестинална епидемија до сега во Германија.

Flash-Galerie MenschMikrobe Noroviren

Норовируси под микроскоп

Од „Роберт Кох“ и од Министерството за здравство велат дека за сега не постојат докази оти овие јагоди се нашле и во малопродажба. Од Здружението за заштита на потрошувачите информираа дека преку пристаништето во Хамбург биле увезени 44 тони замрзнати јагоди од Кина.

Кај многу од пациентите кои јаделе слатки со јагоди е регистриран норовирус. Со цревниот вирус се погодени деца кои храната ја добивале од речиси 500 училишта и дневни центри низ источниот дел од Германија. Најмалку 32 деца беа префрлени во болница.

Фирмата Зодексо, која ги снабдувала мензите со храна, објави дека планира да ги обештети жртвите и најави повеќе детали за случајот во следните денови. Фирмата им се извини на децата и нивните фамилии и најави дека во иднина многу поригорозно ќе ги селектира прехрамбените намирници.