1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

11-то место за ватерполистите

Ватерполо репрезентацијата на Македонија го освои претпоследното место на Европското првенство во Ајндховен. По вторпат на шампионатот беше совладана Турција, овојпат со 9:7.

default

Македонските ватерполисти, во натпревар за единаесетото место на ЕП во Холандија, денеска ја победија Турција со 9:7 (3:1, 2:2, 2:1, 2:3). Ранчиќ, Димовски и Вуксановиќ со по два гола беа најефикасни во македонскиот состав, а по еднаш мрежата на Турција ја погодија Калиниќ, Ивовиќ и Петровиќ.
Ватерполо репрезентацијата меѓу двете победи против Турција нанижа пет порази против Грција, Италија, Унгарија, Холандија и Романија, со што не стигна до едно од местата кои обезбедуваат пласман на предквалифакцискиот турнир во Едмонтон, преку кој се обезбедува место на Олимписките игри.


Ватерполистите и покрај лошиот резултат кои го постигнаа во Ајндховен, сепак се подобро пласирани во однос на ЕП во Загреб, кога завршија на последното, 12-то место. Најдобриот пласман Македонија го забележа на ЕП во Малага, во 2008 година, кога за врши како осмопласирана.

Автор: СН/ЖА/макфакс

Редактор: Ж.Ацеска