1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

11. септември - денот што ја промени Америка

Американскиот претседател Барак Обама ги повика Американците на верска толеранција во пресрет на одбележувањето на деветгодишнината од терористичките напади. Каде е местото на исламот во денешното американско општество?

default

Во нападот загинаа скоро три илјади лица

Бројките говорат за себе: 66 проценти од Американците не сакаат на само два блока подалеку од местото на кое беа кулите-близначки на Светскиот трговски центар да биде изграден муслимански верски објект. Тоа што во истата улица постојат барови и стриптиз-клубови, не е важно, зашто тие немаат врска со терористите кои кулите-близначки ги срамнија со земјата.

Откако се случија терористичките напади кои ја потресоа Америка и светот, многу Американци се загрижени кога ќе помислат наисламот, вели Џим Колб, експерт за прашањата на доселување во Организацијата „Џерман Маршал Фонд“. „Кога се работи за луѓето кои ги познаваат, нема никакви проблеми. Но, кога ќе слушнат за работи кои погрешно се поврзани со исламот, тогаш го менуваат расположението.“

Највиновни се медиумите?

Muslime in den USA

Исламот често се поистоветува со тероризам

Колб смета дека Американците не се антиисламски ориентирани. Сепак, 49 проценти во големата анкета која ја спроведе „Вашингтон пост“, имаат негативно мсилење за оваа религија. Причина за тоа во голема мера е известувањето во медиумите, вели Џон Еспозито, директор на Институтот за арапски и исламски студии во Универзитетот „Џорџтаун“ во Вашингтон. Тој изнесува дека за исламот се известува само во контекст на екстремистите, напади и атентати на луѓе кои ја мразат Америка:

„Со години на телевизијата постојат водители или конзервативни станици како ’Фокс њуз’ но и други канали, во весниците пишуваат колумнисти-свештеници, христијански екстремисти и други, тие шират антиисламска пропаганда, на која американската јавност е секојдневно изложена“, вели Еспозито.

Кон тоа треба да се додаде дека политичарите кои се борат за наклоноста на гласачите го подбуцнуваат народот против исламот. Веројатно не е случајно што дискусијата околу исламскиот центар во Њујорк ескалираше токму сега, два месеца пред изборите за Конгресот.

Американските муслимани се поинтегрирани од европските

USA Islam Proteste

Американците се` уште чувствителни околу џамијата на Граунд зиро

Само мал број Американци лично познаваат некој муслиман. Бројот муслимани во однос на вкупниот број населенеи е мал, се проценува на неколу милиони. Притоа, тие луѓе се рамноправни членови на општеството, како што истакнува Џон Еспозито, повикувајќи се на многу студии. „Американските муслимани, за разлика од многуте европски муслимани, според имотната состојба и образованието се подобро интегрирани во општеството. Многу од нив заработуваат повеќе отколу просечниот Американец. Еврејската заедница, колку што знам, е единствената во која мажите, но и жените, имаат повисок просек кога е во прашање образованието.“

И покрај тоа јавноста често прифаќа ставови за муслиманите кои, кога би се однесувале на Евреите или Афроамериканците, би предизвикале големо огорчување кај јавноста. Освен тоа, кога треба да се најде некого кој ќе послужи како жртвен јарец поради лошата економска ситуација, најлесно е да се најде некој муслиман.

Автор: Кристина Бергман/ Жана Ацеска

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM