1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

100 години спорт

Еден цел век мина откако беше покрената бескрајната лента спортски збиднувања во Скопје. Столетие исполнето со безброј спортски секвенци, кои следејќи го чекорот на времето стануваат се‘ поживописни.

default

Стадионот „Филип втори“ во Скопје

Скопското време спортско, деновиве го отсликува и монографијата подготвена од професор Ѓорѓи Кузмановски. Импресивни се бројките на личностите кои го креирале спортот во Скопје:

„Богатството е пред се‘, во тоа што се опфатени околу 4200 личности. Од спортисти, тренери судии и спортски работници, и многу други кои што учествувале во организацијата на спортот.“

Неофицијално, зачетоците на спортот во Скопје се пред повеќе од 100 години. Ова се податоците за спортските прапочетоци, кои ги изнесува Кузмановски:

„За организирани спортски активности во Скопје веќе со сигурност можеме да констатираме дека е 1902 година, кога се одржани првите коњички трки, во кои победници биле турски офицери и војници. Имало две трки и една атлетска трка во која учествувале десетина тркачи, исто така од турската војска.“

Подем во 70-те години

Вистинскиот спортски подем на Скопје како домаќин на

Skopje Zentrum

Скопје зад себе има столетие со безброј спортски секвенци

манифестации од светски карактер е во втората половина на минатиот век со почетокот на 70-те години. За Ѓорѓи Кузмановски највпечатливи се неколку:

„Шаховската олимпијада во 1972 година за мажи и жени, Светското првенство во кајак во 1975, Светското првенство во борење во слободен стил во 1981 година, Европското првенство во кајак во 2004, Европското првенство за жени во ракомет во 2008 и уште многу други настани, турнири и шампионати.“

Европската титула на ракометарките на Кометал - Ѓорче Петров во 2002 година е врвот на златната резултатска пирамида. Претходно, одбојкарите на Вардар беа импресивни со првенствените и Куп-титули во поранешна Југославија и настапот на фајнал-фор турнирот во Финска.

Спортот во Скопје стагнира

Силно обележје на Скопје е фудбалскиот клуб Вардар, кошаркарскиот Работнички…

Mazedonien Land und Leute Mazedonische Fußballfans

Спортот и денес има блескави моменти и успева да ги воодушеви навивачите

Поединечните остварувања на скопските спортисти се исто така прекрасен украс. Дузина олимпијци, многу освоени медали…

„Со големо задоволство би истакнал дека Шабан Трстена е носител на златниот медал на Олимписките игри, потоа следува Шабан Сеиди во борење слободен стил, со многу медали од европски и светски првенства и од Олимписките игри. За одбележување е златната копачка на Дарко Панчев, легендарниот одбојкар Владимир Богоевски, кошаркарот Благоја Георгиевски - Буштур, Стојна Вангеловска, и уште многу други.“

Од позиција на претседател на Сојузот на спортови на Скопје, Ѓорѓи Кузмановски вака го оценува сегашниот момент на спортот во главниот град на Македонија.

„За жал, во моментов можам да констатирам дека спортот во Скопје е во стагнација. Но, блескави моменти има, и одредени спортисти постигнуваат забележителни резултати, како што е на пример резултатот на Жарко Арсовски во карате. Тој во изминатите месеци во Белград, на СП го освои третото место. Има и уште некои спортисти кои што влеваат надеж дека доаѓаат подобри денови за спортот во Скопје.“

Автор: Златко Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска