1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

10 метарските ѕидови од вода сееја смрт низ Јужна Азија

Над 14 илјади и 500 луѓе загинаа во налетот на големите бранови цунами кои го погодија крајбрежјето на повеќе земји во Јужна Азија.

Локацијата на епицентарот на земјотресот кој ги предизвика Цунамите

Локацијата на епицентарот на земјотресот кој ги предизвика Цунамите

Сцените на разрушени куќи поплавени населби и илјадници болнички коли и полицајци кои им помагаат на настраданите не се симнуваат од телевисзиските екрани и тука на Западот на Европа , со оглед дека на многу семејства спокојниот Божиќ им се претвори во неподносливо исчекување на вести за состојбата на нивните роднини кои одлучиле големиот празник на го прослават во потоплите краишта на Јужна Азија.

Една од најголемите природни катастрофи во светот во последниве години беше предизвикана од силниот земјотрес чив епицентар се наоѓаше во Индискиот Океан.

Брановите беа високи и до десет метри. Тие уништуваа куќи , поплавуваа цели населби и во смрт однесоа повеќе илјади луѓе . Милиони други останаа без своите домови . Очевидците на светските медиуми изјавуваа дека Сунами брановите се појавиле , одеднаш ,без какво било предупредување. И дописникот на ДВ од Индија ТСВ Хари бил истотака изненаден од катастрофата :

“Немаше никакво предупредување, и одеднаш се се случи изненадувачки. Тоа едноставно беше еден голем ѕид од вода . И тоа траеше само една минута, а луѓето беа целосно изненадини од овие огромни бранови. Возила , Луѓе и стока – се беше едноставно однесено во налетот на брановите”- истакнува Хари .

На удар на цунамите беа голем број крајбрежни региони во јужна Азија . Особено тешко погодени беа Шри Ланка , Јужна Индија и Индонезија , потоа еден степен полесно и Тајланд , Малезија и Малдивите. Во поголем број места беше прогласена вонредна состојба .

„Јасно е дека состојбата е многу сериозна. Генералниот секретар на Црвениот Крст на Индија во моментов работи заедно со волонтерите на теренот обезбедувајќи помош за настраданите . Екстремно сериозна е ситуацијата во Шри Ланка . Планираме да обезбедиме помош за половина милион луѓе таму.Имаме проблеми со комуникациите во Индонезија .Ситуацијата во Минамар не е толку сериозна но загрижени сме за малдивите но и за островите кои му припаѓаат на Тајланд. Во Бангладешмеѓутоа немаме проблеми со обезбедувањето помош.- ја опиша состојбата во Јужна Азија, Петер Рис, портпарол на меѓународниот Црвен Крст .

Претседателот на Индија Абдул Калам, како и останатите лидери на земјите во регионот веднаш се упати во погодените подрчја , опишувајќи ги потоа сцените на катастрофата:

„Видов потресни сцени на загуба на човечки животи , оштетувања на домови и .... полицијата и вооружените сили се придружија кон давањето подршка на напорите за хуманитарна помош кои ги спроведуваат владините агенции во погодените реони“-истакна Калам.

Но покрај жителите на погодените подрачја меѓу настраданите во оваа природна катастрофа се наоѓаат и голем број туристи , кои одмараа на плажите, неподготвени за големите бранови кои едноставно ги праплавија крајбрежјата на повеќе туристички места.

Во меѓувреме метеоролозите предупредуваат дека во наредните неколку денови истотака е можно нови цунами да ги погодат крајбрежката на индискиот океан , но оти тие ќе бидат послаби од вчерашните кои беа предизвикани од земјотресот со интензитет од 8.9 степени според Рихтеровата скала чив епицентар се наоѓаше на околу 150 киломереи јужно од индонезискиот остров Суматра.

Станува збор за еден од најсилните земјотреси во светот во последните 40 години.