1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

10 години Дејтонски договор

Пред 10 години на 1 ноември 1995 година во Дејтон – Охајо започнаа тринеделни мировни преговори за Босна и Херцеговина. Со посредство на меѓународната заедница државниците на Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија се спогодија за тоа како ќе изгледа идната држава.

Плакат во БиХ

Плакат во БиХ

Уште во говорото на самото отварање американскиот министер за надворешни работи Ворен Кристофер заклучи кој всушност треба да одлучува за војната и мирот во Босна и Херцеговина: Тоа не беше граѓанска војна туку меѓудржавна војна - на тој начин беа одбрани партнерите во преговорите. Претставниците на босанските Срби и Хрвати во преговорите играа улога на статисти

“ Добровечер, претседателе Изетбеговиќ, претседателе Туџман, претседателе Милошевиќ, премиеру Билд, министеру Иванов, почитувани колепги, во иметото на претседателот клинтон и американскиот народ ви посакувам добредоје на почетокот на овие историски мировни преговори.“

Можноста за преговорите се отвори откако се поместија одностите на воените сили. Само воен притисок можеше да и помогне на дипломатијата да постигне успех. Со оглед на опсадата на Сараево и масакрот во Сребреница стана јасно дека сините шлемови на ОН доживеаа неуспех при заштититата на цивилнотот население.

Територијалните загуби и од летото 1995 година воздушните напади на НАТО против српските позиции, на носителите на политичките одлуки во Белград им беше јасен сигнал дека е време да се склучи мир за да се осигураат сопствените територијални добивки. По завршувањето на мировниот договор на 21 ноември Милошевиќ рече

„Војната во Босна и Херцеговина денеска конечно заврши. И не само затоа што што е постигнат овој договор со сите елементи на мировниот план, туку и поради тоа што конечно ќе се фиксира границата меѓу Српската република и Хрватско – муслиманската федерација, така што воена акција, која би имала за цел територијална промена не би имала смисла и тогаш без сомнение би можела да се окарактеризира како терористичко дело.“

Со мировниот договор беа завршени терористичките акти со 49 проценти во Република Српска и 51 процент во Хрватско – муслиманската федерација. Босанската влада застапена преку Алија Изедбеговиќ опстои на тоа дека територијалниот ионтегрите на државата Босна и Херцеговина ќе биде задржан, но презултатото го приват под премисата дека двете половини на замјата се делови на целата држава. Оттаму со мировниот договор беше опгфатен и новиот устав на Босна и Херцеговина. Милошевиќ ја постигна својата цел, преку меѓународен договор се утврди државноста на Република Српска а со тоа и етничката поделба на земјата.

При потпишувањето на мировниот договорт во и од Босна и Херцеговина беа прогонети или избегале 2,2 милуиони луѓе. Америкснакиот претседател Бил Клинтон тогаш ги истакна пред се хуманитарните спекти на мировниот договор

„ Независно од етничката припадност поголемиот дел од граѓаните на Босна, Хрватска и Србија сакаат само едно: крај на пролевањето на крв, крај на војната и насилствотот. На своите деца и внуци сакаат да им ја дадат можноста да водат нормален живот.“

Сепак по склучувањето на договорот меѓународната заедница стоеше пред многу задачи кои тешко се надминуваа. Заштититните трупи ИФОР предводени од НАТО, во кратко време дека треба да се раздвојат и разоружаат армииите кои претходно се бореа. Но потешко беше спроведувањето на цивилните аспекти на мировниот договор.

Високи репрезентанти на меѓународната заедница и други меѓунардони институции како ОБСЕ и ОН го набљудубваа и го форсираа спроведувањето на договорот, кој содржеше враќање на бегалците и протераните честопати и против вољата на новите тамошни жители, изградба на мултиетнички и по еднички квоти формирни демократски институции, оддржување слободни и тајни избори, реформа на полицијата и армијата. Високите претставници во изминатите десет години стое пред големи задачи како изградба на централна влада, одговорна за надворепшната и монетарната политика, царината, надоврешната трговија, политика на доселување, но и телекомуникацијата или воздушниот сообраќај.