1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

1. мај во знакот на еврокризата

Праведни плати и социјална сигурност се централните теми на манифестациите во Германија по повод Меѓународниот ден на трудот-1. мај. Синдикатите се загрижени пред се’ од последиците од еврокризата.

„Европа се’ уште е во канџите на кризата“, се вели во годинешниот повик на германскиот Сојуз на синдикати (DGB) по повод традиционалните манифестации за 1. мај. Невработеноста се покачува, сиромаштијата се шири. Финансиската криза прерасна во социјална криза. „Вработените не се виновни поради тоа што шпекулантите речиси го турнаа светското стопанство во бездна“.

Програми за повеќе вработувања

1. Mai Linke Berlin

Во Берлин и Хамбург секоја година на 1 мај доаѓа до судири на полицјата со демонстрантите

Мотото за годинешниот 1. мај е „Добра работа за Европа-праведни плати-социјална сигурност“. Централната манифестација на која учествува и претседателот на германскиот сојуз на синдикати Михаил Зомер се одржува во Штутгарт. Зомер притоа се заложи за промена на европскиот кризен менаџмент и подвлече дека на европросторот му се потребни конјунктурни програми, а не концепти за штедење.

Тој и во пресрет на 1. мај подвлече „Патот по кој одиме нема да не‘ извлече од кризата“. Едностраниот курс на штедење ќе ја загрози егзистенцијата на уште повеќе луѓе. Итно неопходна е европска програма за пораст, со која ќе се обезбедат работните места и ќе може да се отворат нови, смета синдикатот.

На првомајските манифестации ширум Германија, освен европската криза во фокусот се и тарифните преговори со вработените во металската и електро- индустријата како и барањето за законско гарантирање на најниска плата.

Страв од судири

Во Берлин и во Хамбург се стравува од традиционалните првомајски судири на полицијата со автономните групи. Мината година за 1. мај во Берлин беа ангажирани 7.000 полицајци. 1. мај 2011. година во споредба со претходните години мина релативно мирно. Истто толкав број полицајци се ангажирани и годинава време на денешното одбележување на Празникот на трудот. Годинава се навршуваат 25 години од првите првомајски демонстрации во градот кои беа организирани од повеќе автономни левичарски групи во главниот германски град.