1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германски реакции на предавањето на одговорите на Република Македонија за членство во ЕУ во Брисел

Поважна е насоката , а не "сатницата"

Германските парламентарци со кои разговаравме го поздравија предавањето на прашалниците во Брисел.Сметаат дека е поважен направениот исчекор во насоката која беше ветена во Солун, а дека помалку е значајна "сатницата" во која Македонија ќе биде поканета и ќе стекне статус кандидат за членство

"Се надевам дека овој чекор ќе го забрза процесот на вклучување на Македонија во ЕУ и посакувам колку што е можно побрзо земјата да ги исполни бараните услови. Сега ќе видиме како Европската комисија ќе одговори, но моја желба е процесот на преговори да биде отворен што побрзо, такашто Македонија ќе има шансада го премости времето и да стане дел од ЕУ, каде и припаѓа " - изјави за македонската програма на Радио Дојче Веле - Герт Вајскирхен, гласноговорникот на Комисијата за надворешни работи на социјадемократите во Бундестагот.

"Разбирливо дека во основа станува збор за еден поволен развој на кој ке му треба уште време.Во светлина на критериумите од Копенхаген, Комисијата ќе треба да го вреднува постигнатото и понатаму да одлучи како ќе тече процесот на приближување.Што се однесува до Западен Балкан, како прва земја по Словенија која треба да се приклучи кон ЕУ е Хрватска, но и за неа не е дефинитивно одлучено кога, а потоа сметам дека Македонија има една значајна позиција" - изјави демохристијанот Кристијан Шмит портпарол на комисијата за надворешна политика и за безбедност во Бундестагот.

На конференцијата за безбедност што минатиот викенд се оддржа во Минхен, експертот за Балканот, либералот Рајнер Штинер разговарал со шефицата на македонската дипломатија Илинка Митрева, токму за предавањето на прашалниците во Брисел и очекувањата земјата да добие покана за членство. Еве го неговиот коментар:

"Сметам дека е ова е значаен сигнал и Македонија го прави првиот значаен чекор во рамките на она што беше ветено на европскиот самит во Солун. За Македонија и целиот регион овој исчекор е значаен, а помалку е важно сега непосредно да се инсистира на некоја временска сатница. Според мене поважна е насоката што е земена, важно е ветените реформи да се спроведат, важно е Европската унија да ги преземе своите обврски и регионот на Југоисточна Европа да го води на патот кон ЕУ. За мене значајно е, еден ден кога Македонија ќе може да стане дел од Унијата, да биде тоа силна и земја со самодоверба, способна самата да ги решава сопствените проблеми".