1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Џохар Царнаев во притвор - Русија и САД заеднички против тероризмот

Полицијата го уапси преживеаниот осомничен за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон. 19-годишниот Џохар Царнаев беше пронајден раскрварен во чамец во двор во куќа во предградието на Бостон.

Џохар Царнаев беше пронајден по бркотница со автомобили и престрелка со огнено оружје во која неговиот брат загина. Тој беше блокиран од полицијата и специјалните единици на ФБИ во бостонското предградие Вотертаун, по што беше уапсен. За апсењето полицијата прво информираше со порака на Твитер: „УАПСЕН!!! Потерата е завршена. Пребарувањето е завршено. Теророт е завршен. Победи правдата. Осомничениот е во притвор“. Повеќе детали следуваа на прес-конференција.

Dschochar und Tamerlan Zarnajew Anschläge Boston Marathon Watertown

Тамерлан Царнаев (лево) загина во престрелката со полицијата, а Џохар Царнаев (десно) е упасен со тешки повреди и се наоѓа во критична состојба

„При приведувањето тој покажа активен отпор, односно почна да пука кон полицијата. Во целина, бостонската полиција во оваа операција дејствуваше извонредно“, изјави комесарот Едвард Дејвис.

Осомничениот Царнаев е хоспитализиран со две тешки повреди на вратот и ногата, а неговата состојба се оценува за критична. Тој во текот на денот двапати влезе во престрелка со полицијата. Првиот пат во кампусот на универзитетот Масачусетс, кога загина неговиот брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев, кој исто така беше осомничен за бомбашкиот напад на маратонот во Бостон. Вториот пат Царнаев отвори оган врз полицијата при обидот да биде приведен. Жителите на Вотертаун останаа затворени во своите домови речиси цело деноноќие и по соопштувањето за фаќањето на Царнаев излегоа по улиците за да го прослават неговото апсење, испраќајќи ги со аплаузи колоните воени возила, возила на брзата помош, полициски и пожарникарски возила.

Amerika Polizei verhaftet Terror-Verdächtigen

Во вчерашната престрелка со полицијата напаѓачите убија еден полицаец

Се’ уште малку се знае за мотивот на браќата етнички Чеченци. Во нападот на Бостонскиот маратон загинаа три лица, а во вчерашната престрелка со полицијата беше убиен и еден полицаец. Претседателот Барак Обама ги повика истражителите да ја разрешат мистеријата околу мотивите за нападот.

„Семејствата на убиените заслужуваат одговори“, нагласи Обама, нарекувајќи ги осомничените „терористи“. Обама побара одговор и на прашањето дали на двајцата браќа им помагале и други лица.

Непосредно пред завршувањето на операцијата за приведување на Џохар Царнаев американскиот претседател Барак Обама телефонски разговараше со својот руски колега Владимир Путин. Разговорот се случил на барање на Путин, кој во име на рускиот народ изразил жалење за загинатите посетители на маратонот во Бостон. Во телефонскиот разговор е договорено двете земји да продолжат да работат на безбедноста. Портпаролот на Путин, Димитриј Песков изјави дека „ќе бидат направени контакти меѓу двете разузнавачки служби“.