1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Џорџ Клуни пуштен од притвор

Познатиот актер Џорџ Клуни кој беше уапсен за време на протестите пред амбасадата на Судан во Вашингтон е ослободен од притвор.

default

Џорџ Клуни за време на протестите во Вашингтон

Холивудскиот актер бил ослободен од притвор откако платил казна од 100 долари. Познатиот актер беше уапсен вчера пред амбасадата на Судан во Вашингтон, за време на протестите поради блокадата од страна на суданските власти на доставувањето хуманитарна помош на суданскиот народ.

Клуни, неговиот татко Ник и други демонстранти ги игнорирале трите полициски предупредувања да ја напуштат околината на амбасадата. Полицијата потоа го уапсила Клуни, по што е однесен со полициско возило од местото на настанот.

„Сакам да привлечам внимание за ова прашање, бидејќи тоа е единствен начин нешто да се направи и да му се помогне на суданскиот народ“, изјави Клуни пред насобраните.

Клуни вчера присуствуваше на седница на еден од конгресните одбори на која стана збор за ситуацијата во Судан. Тој во Сенатот истакна дека Вашингтон мора да изврши притисок врз суданскиот претседател Омар ал Башир и двајца други високи судански службеници на кои им се суди за злосторства во Дарфур.

Автор:СН/АМ/миа/дпа

Редактор:Александар Методијев