1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Џорџ Буш стапи на должност

Со заклетва врз уставот и традиционалниот говор, стариот нов американски претседател Џорџ Буш вчера и официјално по вторпат стапи на таа должност. Ако се суди според идеалистички интонираниот говор, овој мандат ќе биде во знакот на проширување на слободата и човековите права во светот.

Буш се заколна по вторпат

Буш се заколна по вторпат

Во 11 и 30 по локлано време се појави новиот и стар претседател со традиционалните фанфари, на свечената трибина пред Капитол. Левата рака врз семејната Библија, со десната крената, Буш ја даде традиционалната заклетва пред собраните сенатори, пратеници, министри и највисоките судии во земјата:

“Се колнам дека верно ќе ја исполнувам функцијата претседател на Соединетите Американски Држави и ќе направам се што е во моја моќ да го чувам, да го штитам и да го бранам уставот на државата – Господ да ми е на помош“.

Ова беше прво прогласување на еден американски претседател по терористичките напади врз САД од 11 септември 2001. Буш во говорот потоа акцентот го стави врз волјата за слобода на Америка и врз ширењето на демократијата и човковите права во другите делови на светот:

“Опстанокот на слободата во нашата земја се повеќе зависи од успехот на слободата во другите земји. Најдобрата надеж за мирот во нашиот свет е во експанзијата на слободата на целиот глобус“.

Во неговиот говор пол со идеалистичките формулации против теророт и тиранијата, Буш за Ирак зборуваше многу индиректно. Америка нејзината мисија нема да ја спроведува во прв ред со оружје, но ќе ги брани себе и пријателите таму каде што е потребно. Обрнувајќи му се на целиот свет, Буш вети:

“На почетокот на овој век Америка во целиот свет го упатува повикот за слобода. Настапуваме со нова сила, испробани, но не изморени, за да ги постигнеме големите резултати во историјата на слободата“.

По традиционалниот ручек со сенаторите и конгресните пратеници, Буш и неговото семејство од Капитол се вратија кон Белата Куќа во затворениот претседателов автомобил, поздравуван главно од неговите приврзеници. Демонстрантите мораа да се задоволат со мали ограничени простори, изразувајќи го незадоволството против Буш.

Во целиот Вашингтон вчера важеа исклучително строги безбедносни мерки. Повеќе од 8 илјади полицајци и воници херметички затворија цели квартови. Со 40 милиони долари, главно донации од големи концерни, воведувањето на Буш на претседателската функција е најскапото во историјата на САД.