1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Џорџ Буш на гости кај пријатели

Во Мекленбург Предна Померанија владее вонредна состојба. Имено, по желба на канцеларката Меркел вечерва во посета на оваа источно германската покраина се очекува американскиот претседател Џорџ Буш. 12.000 полицајци ќе го вршат обезедеувањето, а Ангела Меркел ќе му ги покаже на Џорџ Буш достигнувањата по германското обединување. Политичките разговори се планирани за утре.

Ангела Меркел и Џорџ Буш

Ангела Меркел и Џорџ Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш е на гости кај пријатели. Тој ја прифати понудата на германската канцеларка, да помине два дена во нејзината татковина, пред самитот на Г8 во Санкт Петерсбург. Уште сега веќе се шпекулира дали Џорџ Буш за возврат ќе ја покани Ангела Меркел на неговиот ранч во Тексас, што би знечело дека и се доделува највиоска форма на дипломатско признание, кое воопшто го познава Америка. За време на владеењето на Шредер тоа беше незамисливо, двајцата се среќаваа само на маргините на генералното собрание на ОН или на некоја срдба на НАТО: Но зошто сега интензвиен контакт со канцеларката Меркел?

Еберхард Замтшнајдер од Германското здружение за надворешна политика „Мислам дека станува збор за две работи. Едната е дека САД и владата на Буш во последната година и половина согледаа дека им се потребни Европејците и тоа сите Европејци, и дека веќе нема смисла да се прави разлика меѓу добри и лоши Европејци како што беше случајот пред три години за време на ирачката војна, дека Европејците се потребни за глобална стабилизиација, која САД веќе не можат сами да ја спроведуваат, не само во Ирак, Авганистан, Судан или кое и да е друго место. Втората точка, а тоа е германската страна е што претседателот Буш во Ангела Меркел гледа партнер за разговори на германмска страна. Добро се разбираат и ја почитува.“

Американската влада за време на ирачката војна се изолираше, па сега бара и сојузници. Освен ова владата на Буш е исправена и пред големи внтаре политички проблеми како што се заканувачката стагнација во американската економија, и растечката сиромаштија. Освен ова исцрпени се и силите на армијата, во која се регрутираа и голем број неквалификувани лица. Популарноста на Буш е многу опадната и тој се бори за своето реноме. За тоа прво мора да покаже успеси, не само на војните полиња како Ирак или Авганистан туку и во конфликтите со Северна Кореја и Иран. За сите овие теми ќе стане збор на средбата на американскиот претседател Џорџ Буш со германската канцеларка Ангела Меркел.

Што тој конкретно очекува од германската канцеларка ? Политикологот Замтшнајдер „Мислам поддршка во надворешно политичката стабилиизација, борба против теророт, да, можеби и заеднички ставови во однос на Русија.“

За воена помош, Буш не смее да ја моли канцеларката. Германската влада повеќепати јасно кажа дека не е можно проширување на мисиите на Бундеверот во странство. Многу поваќе е ефектот од сребата, за двајцата политичари. Претседателот на супер силата Америка ќе има нова силна партнерка на своја страна и може да добие поени на внатрешно политички план. За Ангела Меркел важи истото на европско ниво.