1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Џорџ Буш во контранапад

Американскиот претседател Џорџ Буш им го возврати ударот на критичарите на неговата нова стратегија за Ирак . Во редовното саботно обраќање до нацијата тој побара од нив наместо само да критикуваат да излезат со сопствен идеи за запирање на насилството.

default

Овие зборови на Буш се пред се насочени кон опозициските Демократи кои по изборите во ноември имаат мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес:

Членовите на Конгресот имаат право да ги искажуваат своите мислења и да го прават тоа сосема јасно . Но оние кои одбиваат да му дадат шанса на овој план да профункционира имаат обврска да понудат алтернатива која има подобра шанса за успех. Да се сперотиставуваш на се а да не предлагаш ништо е неодговорно- истакна Буш

Демократите го критикуваа пред се планот на Буш за испраќање на дополнителни 20 илјади војници во Ирак . Наместо тоа пгоолемиот дел од опозициските пратениците во Претставничкиот Дом и во Сенатот се залагаат за постепено повлекување на американската армија од Ирак.