1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Џорџ Буш вечер доаѓа во Рим за да присуствува на погребот на Папата

Пред одарот на починатиот поглавар на Католичката црква Јован Павле Втори досега поминаа еден милион луѓе. Али Агџа, кој во 1981-ва година изврши атентат врз Папата, не доби дозвола од турските власти за да присуствува на неговиот погреб. Денеска во Берлин – миса за Папата. На мисата во Варшава присуствуваа 300 илјади луѓе

Реката луѓе пред одарот на починатиот Папа во базиликата Свети Петар во Рим

Реката луѓе пред одарот на починатиот Папа во базиликата Свети Петар во Рим

Пред одарот на починатиот поглавар на Река од верници и луѓе што сакаат да му оддадат последна почит на Папата Јован Павле Втори и натаму непрекинато се слева во базиликата Свети Петар во Рим. Стотици илјади луѓе во колона долга два километра чекаат и до осум часови за да поминат крај одарот со посмртните останки на починатиот поглавар на Католичката црква. Според проценките на италијанските власти и на Ватикан, пред одарот минуваат 18 до 20 илјади луѓе на час, или вкупно досега околу еден милион.

За вечер во Рим е најавено доаѓањето на претседателот на САД Џорџ Буш, кој заедно со поранешните американски претседатели, неговиот татко Џорџ Буш сениор и Бил Клинтон, и министерот за надворешни работи Кондолиза Рајс, ќе присуствува на погребот на Папата в петок. Во меѓувреме Буш утре ќе води политички разговори со италијанскиот претседател Карло Азелјо Чампи и со премиерот Силвио Берлускони.

Со оглед на фактот дека на погребот се очекува присуство на околу 200 државници, италијанските власти ќе мобилизираат најмалку 15 илјади припадници на силите за безбедност, а во рамките на мерките за безбедност ќе биде воведена забрана за прелет во воздушниот простор над Рим, додека ракетите за противоздушна одбрана се поставени на соодветни позиции.

Желба да присуствува на погребот изрази и Мехмет Али Агџа, кој во 1981-ва година изврши атентат и на Јован Павле Втори му нанесе рани опасни по живот, за што подоцна доби прошка од Папата при една негова посета во затворот. Агџа, кој по одлежаните 20 години во италијански, сега се наоѓа во турски затвор поради друго, претходно извршено убиство, меѓутоа не доби согласност од турските власти за присуство на погребот на Папата.

Во Рим денеска ќе се одржи богослужба за починатиот Папа во црквата Санта Марија дел’Анима, која е седиште на германската заедница.

Централната комеморациона миса во Германија ќе се одржи денеска во базиликата Свети Јован во Берлин. Се очекува присуство на сојузниот канцелар Герхард Шредер и на членови на владата, потоа на претставници на Бундестагот, на сојузните покраини, како и на дипломатскиот кор во германскиот главен град.

На мисата во Варшава вчера присуствуваа околу 300 илјади сонародници на Карол Војтила, односно починатиот Папа Јован Павле Втори.