1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Џон Кери предизвикувач на Џорџ Буш

Со девет победи во предизборите на така наречениот “супер втроник“ Џон Кери де факто стана кандидат на демокртите за претседателските извори во ноември. Џон Едвардс пак најави дека ќе се откаже од предизборната трка. Од Вашингтон известува Даниел Шешкевиц:

Џон Кери

Џон Кери

Стратезите на демократската партија така и планираа: најдоцна до “супер вторник“ на јавноста да и биде познат кандидатот на демократската партија кој ќе биде предизвикувач на претседателот Џорџ Буш. Џон Кери,чија триумфална серија на предизборни победи вчера ја достигна највисоката точка, истакна:

“Мојата благодарност е насочена кон сите избирачи од едниот до другиот брег, кои од овој ден навистина направија “ супер вторник““

Најважна победа за триумфот на Кери беше успехот во Охајо. Тој однесе победа во индустриската покраина, која по Њујорк и Калифорнија испраќа најмногу делегати. Граѓаните на се на се девет покраини му ја дадоа својата доверба на Кери и тоа од Мериленд, Џорџија, Њујорк, Калифорнија, Конетикент, Масачусец, Роуд Ијланд, Минесота и Охајо. Само во Вермонт победи кандидатот Хауард Дин. Денеска се очекува Едвардс и официјално да се откаже од натампошната трка. Пред своите приврзаници во Џорџија Едвардс истакна:

“Би сакал да му честитам на мојот пријател сенаторот Џон Кери. Тој води силна, моќна кампања. Тој ќе биде изворенден предводник за постигнување на целта бидејќи сите ние му веруваме: повеќе работа, подобар здравствен систем, побезбеден свет. Тоа се целите на нашата партија, на нашата земја. Тоа се и теми со кои ќе победиме во ноември“

Предизборната трка во Америка е веќе отворена и за претседателот Џорџ Буш. Тој на сенаторот Кери телефонски му честиташе на победата од Белата Куќа. Кери пак од своја страна во неговиот победоносен говор жестоко го нападна претседтелот Буш:

“Владата на Буш ја водеше најнеспособната, безобѕирна, ароганта и идеолошка надворешна политика во модерната историја на САД. На тоа ќе му ставиме крај."

Кери најави дека за половина ќе го намали државниот дефицит, и дека ќе обезбеди половина милион работни места.

Претседателот Буш пак од своја страна утре на граѓаните на Америка ќе им се престави со телевизиски спот во кој ќе го истакне позитивниот биланс постигнат за врема на неговиот мандат.

Поврзана содржина