1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Џон Кери номиниран за нов државен секретар на САД

Американскиот претседател Барак Обама го номинираше сенаторот Џон Кери за нов министер за надворешни работи. Тој ќе ја наследи Хилари Клинтон. Согласноста од Сенатот се смета за сигурна.

„Знам дека ќе бидете извонреден министер за надворешни работи“, изјави Обама при официјалното објавување на ова персонално решение во Вашингтон. Обама особено ги истакна дипломатските способност на Кери. Постојат само „малку личности, кои познаваат толку многу претседатели или премиери“, изјави поретседателот. Оттука, влијателниот сенатор од Масачусец е перфектен кандидат за оваа функција.

Кери, во името на претседателот Обама, отпатува кај претседателот на Авганистан Хамид Карзаи по убиството на шефот на Ал Каеда Осама бин Ладен во Пакистан во мај 2011 и во Исламабад. Тој исто така преговараше и со сирискиот претседател Башар ел Асад.

Одлуката за Кери во Вашингтон не изненади

Џон Кери се сметаше за фаворит, откако првиот избор на Обама, амбасадорката во ОН, Сузан Рајс ја повлече својата кандидатура. Републиканците во Сенатот јасно ставија до знаење дека во Сенатот нема да ја одобрат нејзината кандидатура. Републиканците сметаат дека таа не може да биде министерка. Со нејзината изјава по нападот врз американскиот конзулат во Бенгази во Либија на 11. септември, Рајс ги разгневи политичарите. Таа имено пет денови по нападот, во кој беа убиени американскиот амбасадор Крис Стивенс и тројца негови соработници, одби да го сврсти нападот како терористички чин.

Кери напротив не само што ужива доверба во владата на Обама, туку има и многу пријатели меѓу републиканските сенатори. Меѓу нив се вбројува и Џон МекКејн од Аризона.

Кери се смета за поддржувач на Обама уште од самиот почеток. Освен ова сенаторот уште пред четири години беше во потесниот избор за челната позиција во Стејт департменот. Тогаш местото го доби Хилари Клинтон. Кери го поддржуваше Обама и при подготовката на ТВ дебатите со неговиот предизвикувач Мит Ромни. На претседателските избори во 2004. година, Кери самиот се кандидираше за претседател на САД, но тогаш победи Џорџ Буш.

Освен промената во министерството за надворешни работи, на американскиот претседател по неговиот реизбор во ноември му се потребни и нови министри за одбрана и за финансии, како и нов шеф на ЦИА.

Позитивно ехо од Брисел

Високиот претставник за надвореша и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон ја поздрави номинацијата на Џон Кери за нов шеф на дипломатијата на САД. Тој според нејзе бил „идеален кандидат за оваа важна позиција“, се вели во соопштението на Ештон објавено во Брисел.