1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Џон Кери го убедувал Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама и државниот секретар на САД Џон Кери телефонски разговорале за предлозите за уништување на сириското хемиско оружје во Албанија. Во Тирана веќе се одржаа протести на невладини организации.

Џон Кери го убедувал Еди Рама да прифати уништување на сириското хемиско оружје во Албанија соопшти шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на седница на парламентарната Комисија за надворешна политика. Бушати не даде детали околу содржината на телефонскиот разговор на Рама и Кери.

„Имам контакти со претставници на САД и Европската унија околу предлогот на САД и Албанија да биде земјата каде би се уништивало хемиското оружје од Сирија. Нашата влада сѐ уште не е во фаза на донесување конечна одлука, затоа не треба да се избрзува со изјави од опозицијата“, изјави Бушати.

Опозицијата и повеќе невладини организации во Албанија се спротиставуваат на најавите за уништување на сириско хемиско оружје во земјата. Притисокот врз владата на Рама продолжува и добива на интензитет и во дел на албанските медиуми.

Преседателот на албанскиот Парламентм Илир Мета пред два дена изјави дека неговата земја нема капацитети за уништување на хемиското оружје на Сирија.

„За ова прашање последниот збор ќе го каже Парламентот, но јас сметам дека Албанија нема капацитети за да го уништи хемиското оружје од Сирија“, изјави Мета, додавајќи дека секое решение ќе биде транспарентно и оти при тоа ќе се земат предвид интересите на земјата.

Во Тирана веќе се одржаа протести на невладини организации кои се противат на идејата за уништување на сириското хемиско оружје во Албанија.