1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Џон Кери го засили водството во предизборната трка на Демократите

Американскиот сенатор Џон Кери го зголеми водството во предизборната трка на Демократите за претседателски кандидат. Според досегашните резултати Кери победи на предизборите во вкупно седум американски сојузни држави и со тоа ги зголеми изгледите да ја застапува опозиционата Демократска партија на изборите во ноември.
Од останатите кандидати во трката, најсериозен конкрент на сенаторот Џон Кери му е колегата од Сенатот Џон Едвардс, кој однесе победа на предизборите во државата Јужна Каролина. Изгледи има уште поранешниот командант на НАТО силите, Весли Кларк, кој победи во Оклахома и тоа со многу тесно водство пред сенаторот Едвардс. Третиот сенатор од редовите на Демократите, Џозеф Либерман, во меѓувреме повлече консеквенци од лошите изборни резултати и се повлече од изборната трка.

Со оглед на војната во Ирак, на наредните претседателски избори може голема улога да одигра военото доисе на претседателските кандидати. Сенаторот Џон Кери, кој е имено ветеран од Виетнамската војна, денеска побара од Белата куќа и од Пентагон да ги документираат демантите на обвинувањата дека актуелниот претседател Џорџ Буш отсуствувал неоправдано за време на воената служба. Демократите имено го обвинуваат Буш дека прво се извлекол од заминување во Виетнам, префрлајќи се како воен пилот во Националната гарда во 1972. година. А и таму често знал да биде отсутен од воените обврски без посебно оправдувње. Портпарол на Белата куќа ги отфрли ваквите обвинувања како лажни.