1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Џонс призна дека се допингувала

Ѓ

По долгогодишно негирање, трикратната олимписка победничка во спринт, Марион Џонс од САД призна дека земала допинг средства. Пред еден суд во Њујорк Џонс изјави дека земала забранети средство за подобрување на резултатите и дека нејзината претходна спротивна изјава била лага. Џонс на Олимписките игри во 2000 година во Сиднеј освои три златни и два бронзени медали.