1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЏМ не го продава Опел?

Во натегањата околу преземањето на автомбилскиот производител Опел, може да дојде до изненадувачки пресврт: американскиот сопственик Џенерал Моторс очигледно размислува да го задржи германското претпријатие.

default

Како што објави весникот „Вол Стрит Џурнал“ на својата интернет страница, Џенерал Моторс работи на план за финанисрање што на американскиот концерн ќе му овозможи да ја задржи контролата над Опел. Повикувајќи се на три личности, добро запознати со темата, весникот пишува дека планот ќе биде „тежок“ 4,3 милијарди долари, или околу 3 милијарди евра. Шефот на Џенерал Моторс, Фриц Хандерсон, сака планот да биде готов до следниот состанок на управниот одбор, на почетокот на септември.

Германската влада побара од Џенерал Моторс во спорот околу продажбата на Опел да испрати свој претставник во Берлин, што беше ветено. Тој ќе стигне деновиве, гласи одговорот од американскиот концерн од Детроит.

Но, тоа нема да биде шефот на Џенерал Моторс, или

Rettung für Opel

Во која насока ќе се движи Опел?

шефот на преговарачкиот тим Џон Смит, а не е планирана ниту средба со канцеларката Ангела Меркел. Менаџерот од Џенерал Моторс ќе разговара со претставници на државата и на покраините директно за продажба на германскиот автопроизводител.

Гаранции само доколку Опел биде преземен од Магна

Управниот одбор на Џенерал Моторс, во петокот вечерта, одново ја одложи очекуваната одлука во битката за преземање на Опел од страна на австриско канадскиот лиферант Магна, или белгискиот инвеститор РХЈ Интернешнл. Државата и покраините сакаат да ја гарантираат државната помош од 4,5 милијарди евра само ако Опел биде преземен од страна на Магна.

Портпаролот на Меркел, Улрих Вилхелм, вчера (25.08.2009) потенцираше дека германската стрна ја исполни својата задача. Пред двата потенцијални преземачи веќе се наоѓаат готови договори. Вилхелм избегна отворена критика на однесувањето на Американците: проблемот не може да се реши со конфронтација, туку со заеднички напори, подвлече тој.

Обама не се меша

Американскиот претседател Барак Обама, пак, не сака да се меша во одлуката на Џенерал Моторс за иднината на Опел. Одлуката треба да ја донесе претпријатието, изјави портпаролот на Белата куќа, Бил Бартон.

Американската влада поради длабоката криза на американската автомобилска индустрија и по

Flash-Galerie Opel

Синдикатот го критикува ЏМ како неодговорен кон вработените во Опел

повеќекратни финансиски инјекции за автопроизводителот, во меѓувреме, има мнозински удел во Џенерал моторс.

Вработените во Опел, во меѓувреме, го губат трпението. Планирани се демонстрации на илјадници работници во Брелин, за да се направи притисок врз Џенерал Моторс, иако терминот за нив се’ уште не е утврден.

Синдикатот ИГ Метал го критикуваше однесувањето на Џенерал Моторс како неодговорно кон Опел и луѓето кои таму работат, со интенција Опел да се доведе до инсолвентност.

Автор: ЖА/ГЧ/дпа/афп/ап

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM