1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Џихадистите во Сирија малтретираат христијани

Џихадистите кои минатата недела го освоија античкиот град Маалула, ги понижувале христијаните нарекувајќи ги „крстоносци“ и натерале најмалку едно лице да се преобрати во ислам

Многумина од жителите на Маалула, побегнале од градот уште во моментот кога сигурносниот пункт на армијата пред влезот на стратешки важниот град бил уништен. Тоа се случувало на 4-ти Септември, некои пребегнале во блиските села, додека некои од нив пребегнале во Дамаск, кој се наоѓа на 55 километри јужно од градот.

Една од нив, Мари, беше сѐ уште исплашена кога зборуваше со нас тој ден.

“Стигнаа во градот рано наутро“ и извикуваа „ Ние сме Ал-Нусра фронтот и дојдовме да им го загорчиме животите на „крстоносците“, како што исламистите ги нарекуваат христијаните, изјави Мари. Таа и стотици други луѓе беа присутни на погребот во Дамаск, на христијанските про-режимски борци кои загинале во борбите.

Маалула е еден од најпознатите христијански градови во Сирија, и многумина од неговите жители го зборуваат арамејскиот јазик кој и самиот Исус Христос го зборувал.

Инаку градот е дом на 5,000 жители, и е стратешки важен затоа што бунтовниците се обидуваат да го затегнат обрачот околу главниот град. Исто така, може да се користи за да се изведат напади врз автопатот кој го поврзува

Syrien Maalula Damaskus Norden

Историскиот град Маалула

главниот град и Хомс, кој преставува главна рута за снабдување.

Битка за градот

Бунтовниците го освојуваа и губеа градот во неколку наврати. Во неделата, сириската агенција за наблудување на човековите права и жителите соопштија дека бунтовниците, вклучувајќи и џихадисти блиски до Ал Каеда, целосно го освоиле Маалула.

Но во вторникот вечерта, Слободната сириска армија, вети дека бунтовниците ќе се повлечат од градот за да ги заштитат неговите жители и културното наследство, под услов и сириската армија да не влегува во градот. Но, во средата тие сѐ уште беа во градот.

Еден анонимен извор изјави: „Армијата сѐ уште го нема повратено градот под своја контрола, битката продолжува, но армијата напредува“.

Некои од бунтовничките групи ја обвинуваат владата дека намерно се повлекла од градот во текот на борбите, оставајќи го да биде освоен од џихадистите, со цел да го искористи тоа како пропагандна порака и да добие подршка за христијаните таму.

Една од калуѓерките во Мар Такла, православен манастир, преку телефон за АФП изјави: „имаше страшни судири (во вторникот) но градот не беше гранатиран, ние и сирачињата за кои се грижиме сме добро, но имаме недостаток од гориво“.

Присетувајќи се на настаните од минатата недела Аднан Насралах, вели дека надвозникот кој го поврзувал градот со надворешноста бил разнесен од експлозија.

„Видов луѓе кои носеа Ал-Нусра марами на главите и пукаа во крстови“, вели еден христијанин. Еден од нив извади пиштол го стави на главата на мојот комшија и го натера да повторува „нема бог туку Бог“ и да се преобрати во ислам.

Moschee und Kirche in Maalula

Џамија и црква во Маалула

Потоа се шегуваа дека сега е еден од нив“.

Тажни судбини

Насралах поминал 42 години во САД каде водел ресторан кој се викал Маалула,а се вратил назад во Сирија токму пред да избувнат протестите против Башар ал Асад, во март 2011.

„Имав сон, се вратив во мојата земја да промовирам туризам, изградив гостинска куќа и вложив 2,000 долари за ветерница која обезбедува енергија за градот. Мојот сон умре, Четириесет и две години работа фрлени во вода“, тажно заклучува тој.

Но полоша за него е реакцијата на неговите соседи муслимани кога бунтовниците го заземале градот.

„Жените и децата излегоа на балконите и викаа од радост, сфатив дека нашето пријателство било површно“.

Раша, уште една жителка на градот, пак има уште потажна приказна. Нејзиниот вереник кој бил дел од локалната милиција бил заробен и брутално убиен.

„Се обидував да го добијам на мобилниот телефон, тогаш се јави еден од нив, ми рече дека го убиле и дека му го пресекле гркланот. Ми рече: Исус не беше тука да го спаси“, низ солзи раскажува таа.