1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Џенерал моторс, Форд и Крајслер сакаат повеќе пари

Трите големи американски автопроизводители ја зголемија сумата што ја бараат од државата на 34 милијарди долари. Шефовите на компаниите ветија дека ќе работат за 1 долар месечно - само да ја добијат државната помош.

default

Централата на Џенерал моторс во Детроит

34 милијарди се значително повеќе од средствата што автопроизводителите ги побараа на Конгресот во ноември, односно 25 милијарди. Џенерал моторс и Крајслер вчера објавија дека без финансиска помош, до крајот на годината им се заканува банкрот.

Па така, наместо со приватни авиони, шефовите на Форд и Џенерал моторс од Детроит во Вашингтн дојдоа со хибридните автомобили на своите фирми. И двајцата босови си припишаа строги мерки на штедење. Дури и шефот на Крајслер не леташе со приватен авион, дојде со редовен лет, покажувајќи барем политичка коректност.

Драматичен пад на продажбата

Autoverkäufe USA Chevrolet Truck von General Motors in Denver

Продажбата на моделите на ЏМ опадна за цели 41%

Џенерал моторс, без сомнение веќе видно ослабен, во ноември продаде 41% помалку автобомили отколку на почетокот на годината и со тоа е еден од најголемите загубари на американскиот пазар. И кај Форд и Крајслер се зголемува бројот на непродадени возила.

Погодените компании преземаат разни мерки за да привлечат муштерии. На пример, потенцијалните купувачи добиваат 50 долари, доколку се одлучат за тест-возење. Џенерал моторс на новиот сопственик на возилото му дава и 100 гратис акции на компанијата.

Кризата е глобална

Но, и покрај сите овие поволности - автомобилите остануваат во салоните, и тоа не само оние на американските производители, туку и хибридните модели на јапонските конкуренти. Криза не владее само во Америка, туку на глобално ниво, вели сенаторот од демократите, Карл Левин: „Секоја земја што произведува автомобили во овие моменти и` дава поддршка на автоиндустријата. И Америка мора да го стори истото.“

Најкритично е во Крајслер

USA Auto Logo von Chrysler

Крајслер е оставен сам на себе

Сепак, колегите на Левин од американскиот Конгрес сакаат неделава да проверат дали навистина има потреба од интервенција во авто-индустријата, или, пак, се работи само за шминка на автопроизводителите. Се чини дека ситуацијата е најдраматична во Крајслер. Компанијата нема сојузници во Европа, кои би можеле да и` помогнат со продажба на мали, економични возила. „На Крајслер му недостига техничка помош од Европа“ - констатира Марк Фелан, експерт за авто-индустрија.

Спасот се бара во европските партнери

Bildgalerie Detroit Motor Show 2007 Volvo

Кризата го принудува Форд да се откаже од своето Волво

Американските Форд и Џенерал моторс се во поповолна позиција, благодарение на инженерите од германското претставништво на Форд и Опел. Градските возила, како Фиеста, Фокус или Вектра би можеле да им помогнат на автомобилските концерни од Детроит. Истовремено, се намалува палетата на производи. Форд планира да го продаде Волво-то, Џенерал моторс наводно размислува да се откаже од Сааб. Синдикатот на американските автопроизводители за денеска закажа кризна средба.

Земајќи ги сите овие сигнали предвид, големи се шансите Џенерал моторс, Форд и Крајслер да ја добијат државната помош, и тоа уште пред Божиќ. Шефовите дури ќе работат без пари. Се разбира, кога милијарди долари ќе се слеат во касите на компаниите.

DW.COM