1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Џемаил Мехази- нов македонски министер за транспорт и врски

Државниот секретар во македонското министерство за финансии Џемали Нехаси ќе биде новиот македонски министер за транспорт и врски, откако Агрон Буџаку доброволно се откажа од таа функција. Името на новиот кандидат кој доаѓа од Демократската Унија за интеграција денеска ќе му буде предложено на мандаторот Владо Бучковски, кој предлогот ќе го достави до македонското собрание..

,, На местото на досегашниот министер за транспорт и врски, претседателството на ДУИ одлучи да го постави државниот секретар во министертвото за финансии, Џемали Нехаси. Денеска и официјално предлогот ќе му биде предаден на мандаторот Бучковски, за за до дополни списокот министри во владиниот кабинет, изјавува за Дојче Веле координаторот на пратеничката група на Дуи, Рафиз Халити.

Во работната биографија на Нехази е запишано дека раборел како македонски претставник во Банката за развој при Советот на Европа, бил заменик претседател на Националниот совет за платни системи како и директор на Агенцијата за слободни економски зони.

Неговата партија предложи тој да седне на министерската фотеља откако го прифати отказот на досегашниот министер за транспорт и врски Агрон Буџаку. Раковоството на Дуи се согласи со неговото повлекување и покрај тоа што мандатарот Бучковски по неколкудневни преговори со лидерот на партијата Али Ахмети се согласи Буџаку и натаму да ја врши министерската функција.

,, Го прифативме неговиот отказ затоа што и самиот тој оценва дека прави морален чин, за да им овозможи на истражните и судските органи во Мкаедонија слободно да ги иѕвршуваат своите обврски и да констатираат даали се точни или не обвинувањата кои кон Буџаку ги изнесе поранешниот премиер Хари Костов.

Буџаку се откажа од министерската фотеља по низата обвинувања дека донесувал контроверзни одлуки во неговиот ресор и според извори од ДУИ, ќе продолжи да се занимава со партиски активности.