1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Џафери: Страстите во Струга мора да се смират

Протестите во Струга создаваат лоша клима и ја нарушуваат меѓусебната почит и доверба. Ќе ги преземеме сите мерки на локално и на централно ниво за да се смират страстите, изјави вицепремиерот Муса Џафери.

default

Тензична атмосфера во Струга

Изјавата вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери ја даде по средбата во Владата со албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чејку, во одговор на новинарско прашање.

„По анализата на настаните ќе се преземат сите неопходни мерки за организаторите. Не можам однапред да прејудицирам кој ќе биде обвинет. Целта е да се смират страстите и состојбата да се нормализира, онака како што очекуваат граѓаните од претставниците на централната и на локалната власт“, нагласи Џафери.

Musa Dzaferi Vize Premierminister Mazedonien

Муса Џафери

Сите настани, посочи, треба да се канализираат до институциите кои се надлежни.

„Како јавен функционер нема да си дозволам политички да ги осудувам ниту едните, ниту, пак, другите пред да ги истражиме сите настани, бидејќи може да направиме двојна грешка и дополнително да ги иритираме страните. За жал неочекувано и во 2012-та година кај нас се‘ уште се случуваат провокативни настани кои емоционално ги провоцираат граѓаните независно од која страна и да се“, рече вицепрмеиерот Џафери.

ИВЗ: Во земјата се подгрева исламофобија

Исламската верска заедница (ИВЗ) претходно реагираше на, како што велат, понижувањето на исламската вера на Вевчанскиот карневал, како и исмејувањето на коранот.

„Загрижени сме за жал, што последниве денови во Македонија, исламофобијата често пати е комбинирана со владина пропаганда, како што е случајот со Вевчанскиот карневал, каде што владата на Македонија секоја година за фестивалот доделува 50 илјади евра од парите на сите граѓани, вклучувајќи ги и парите на муслиманите. Уште повеќе состојбата се усложнува со учество на високи владини функционери, како што е министерката за култура, пратениците од позицијата и опозицијата и претседателот на општина Вевчани“ се вели во писмената реакција на ИВЗ.

Mazedonien - Land und Leute

Седиштето на ИВЗ во Скопје

ИВЗ бара да биде поднесена кривична пријава против сите кои ги повредиле

чувствата на муслиманите.

„Во спротивно ќе сметаме дека и државниот врв е поддржувач на ваквото организирано однесување“ велат од ИВЗ.

Според нив, државното раководство го премолчило и омаловажувањата на

Албанците и Турците во Ниш и Белград, на Европското првенство во ракомет во 2012-та година.

„Културниот фанатизам било од која страна да доаѓа, а кој излегува надвор од споменатите норми на добронамерно однесување, придонесува за продлабочување на омразата меѓу граѓаните“ се вели во реакцијата.

Од ИВЗ ги повикуваат своите верници да се однесуваат воздржано.

Автор: ЖА/БГ/миа/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM