1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Џафери: Косово да се заминава со своите прaшања, не со Македонија

Македонскиот вицепремиер Муса Џафери им порача на косовските политичари да се позанимаваат со внатрешните прашања. Џафери во Брисел денеска (26.03) се сретна со еврокомесарот Филе.

default

Македонскиот вицепремиер Муса Џафери

Македонскиот вицепремиер Муса Џафери упати критики до косовската политичка класа за реакциите по инцидентите во Македонија, оценувајќи дека доаѓаат како последица на внатрешните фрустрации, кои потоа ги подбуцнуваат Албанците во Македонија. Како што пренесува агенцијата ИНА, Џафери порачал политичарите во Косово да се позанимаваат со северот на Косово и други внатрешни прашања, наместо со случувањата во Македонија. Засега нема реакција од косовските власти на изјавата на Џафери.

Средба со Филе во Брисел

Инаку, вицепремиерот Муса Џафери престојува во работна посета на Брисел каде денеска се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Informeller Beitrittsdialog auf hoher Ebene zwischen EU und Mazedonien

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

На средбата станало збор и за последните инциденти во Македонија, кои од двете страни биле оценети како рефлексија на младата популација без политичка заднина и оти би можеле да бидат и последица на социјално -економската состојба или немањето доволно капацитет на училиштата за работа во една смена.

Во разговорите комесарот Филе потенцирал дека започнатиот дијалог на високо ниво со македонската Влада треба да се интегрира и менаџира заедно со Рамковиот договор,

„ Договорот е дел од нашиот политички систем и врз основа на тоа се оценуваат реформите во другите сектори од аспект на правична застапеност на заедниците во јавната администрација, правосудството, секторот за внатрешни работи и безбедносните структури“, изјави Џафери за средбата која, како што вели, е една од низата во континуитет.