1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ќорци ги исплашија ѕвездите во Кан

Човек „вооружен“ со пиштол „плашливец“, пластична граната и нож предизвика мал хаос на Канскиот филмски фестивал.

Едно лице е уапсено откако пукало со пиштол „плашливец“ за време на преносот во живо од одржувањето на Канскиот филмски фестивал во петокот. Актерите Кристоф Волц и Даниел Аутеј биле најблиску до инцидентот па морале да се засолнат.

Уапсениот испукал два истрели со пиштолот по што настанала паника.

„Луѓето од обезбедувањето веднаш скокнаа во публиката и го легнаа на подот. Полицијата пристигна и им порача на луѓето да бегаат затоа што лицето имало граната в рака“, вели очевидецот Артур Лајгес за Ројтерс.

Откако било уапсено лицето, било утврдено дека гранатата била лажна, но тој со себе имал и нож. Анонимен полициски извор соопшти дека лицето имало психички проблеми.

Ова е втор инцидент на почетокот на Канскиот фестивал, откако во четвртокот непознати крадци ограбија накит во вредност од 1,4 милиони долари, кој бил наменет за присутните филмски ѕвезди на фестивалот. Накитот бил украден од соба во хотелот Новотел.