1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Ќе ја браниме Палестина со крв и душа!“

Израелските напади врз Газа наидоа на гнев и осуда во арапскиот свет. Во Египет, Јордан, Сирија, Либан, Ирак и Дубаи викендов се одржаа делумно насилни демонстрации против израелската офанзива.

default

Илјадници Палестинци демонстрираат против нападите на Израел

„Ќе ја браниме Палестина со крв и душа“ - скандираа илјадници демонстранти во египетскиот главен град. Во Каиро беа палени израелски знамиња во знак на револт поради нападите од воздух врз појасот на Газа.

„Сите арапски влади, Европа и Американците се партнери“, смета еден од гневните демонстранти. „Вашето молчење значи дека и вие носите одговорност за масакрот во Газа. Секако, Абас е претседател на Палестина, но тој уште од почетокот соработува со Израел во блокадата на Газа, а соработуваше и во оваа агресија, во овој масакр!“

Расположението е вжештено и агресивно, се искажуваат радикални ставови. Еврејските државјани треба да бидат протерани од Египет, смета друг демонстрант: „Израелската амбасада треба да се затвори, а амбасадорот да се истера од Египет. Треба да го раскинеме договорот од Кемп Дејвид. Мораме да им дадеме отпор на Израелците и да ги бојкотираме секаде каде што е можно“.

Гнев од Дамаск до Сана

Palästinenser Gaza Neuer Tunnel vom Gaza-Streifen nach Ägypten

Тунелите меѓу појасот Газа и Египет се долги од 600 до 1.200 метри

Според информации од високи безбедносни кругови, само во Каиро на улиците имало околу 15.000 лица. Меѓу нив се наоѓале и членови на забранетото Муслиманско братство. Наводно, во целата земја демонстрирале 50.000 луѓе. Бранот на лутина на Арапите досегна од Дамаск во Сирија, до Сана во Јемен. Дури ни осудата на израелските напади од страна на политичките лидери не беше доволна да ги смири луѓето од арапскиот свет. Цел на нападите на израелското воено воздухопловство беа и погранични региони со Египет, каде што беа уништувани таканаречените тунели за шверцување. Преку нив, од Синај во Египет се шверцуваат во појасот на Газа оружје, муниција, нафта и материјал за правење бомби.

Престрелки и на граничните региони

Israel Palästinenser Angriff auf Gaza Verletzter in Rafah

Хамас не пренесе ниту еден повреден во египетските болници на Синај

Израелските воздушни сили уништија и дел од пограничната ограда со Египет. Кратко пред тоа, граничните полицајци се повлекоа, така што стотици Палестинци успеаја нелегално да стигнат на египетска територија. Дојде и до престрелки, при што еден полицаец загина. Вооружени Палестинци кратко време воспоставија контрола врз контролни пунктови на египетска територија. Ситуацијата беше смирена дури откако египетската полиција употреби оружје и солзавец за да ги принуди Палестинците да се вратат назад.

Иако Египет му понуди на Хамас да ги пренесе ранетите Палестинци во болниците на Синај, ниту еден не ја преминал границата кај Рафах. Хамас тврди дека транспортот таму е премногу опасен.