1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ќе стивне оружјето во Газа?

Египетските преговори се успешни. Израел и палестинското движење Хамас се согласија на шестмесечен прекин на огнот во појасот Газа. Израелците и Палестинците се скептични - дали примирјето навистина ќе се почитува.

default

Животот во Газа треба да се нормализира

Израелското радио утринава јави: Израел се согласи утре во шест часот изутрина по локално време да стапи на сила договорот за прекин на огнот во појасот Газа. Договорот со палестинското движење Хамас е постигнат со посредство на Египет, а го прифатиле и премиерот Ехуд Олмерт и министерот за одбрана Ехуд Барак, вели веста која се повикува на извори од израелското министерство за одбрана. Израелската влада претходно беше воздржана, откако Хамас и Египет уште вчера соопштија дека спогодбата е постигната. Министерот Барак и синоќа изјавуваше дека е прерано да се зборува за примирје.

"Се разгледува можноста за постигање примирје, но се уште е рано да се говори за прекин на огнот и смирување на состојбата. И кога таков договор ќе стапи на сила, ако воопшто стапи, тешко ќе може да се процени колку долго ќе издржи. Сепак мора да се проба. Армијата е подготвена на се’, но важно е да се искористи шансата за да дојде до мир во Газа“, рече Барак.

Нема целосно подигање на блокадата

Како што пишуваат медиумите, доколку договореното примирје утре навистина стапи на сила и се одржи три дена, тогаш Израел делумно ќе ги отвори граничните премини кон Газа. Со тоа ќе се овозможи влез на нафта и храна. Целосно подигање на едногодишната израелска блокада не е предвидено. Од друга страна, синоќа на израелска територија од Газа повторно беше истрелана ракета од типот Касам. Едно дете е полесно повредено во пограничниот град Здерот, кој најчесто е цел на палестинските ракетни напади. Затоа локалните жители сметаа дека одржувањето на примирјето е критично.

„Мислам дека примирјето е лажно. Практично е можност за милитантите во Газа да се вооружат. И бидејќи е тоа кршливо во секој момент некој може да го прекине и потоа ние ќе бидеме тие што ќе го извлечат подебелиот крај“. И во појасот Газа пак не се многу убедени дека Израел ќе го почитува примирјето и дека нема да продолжи со воените акции.

„И ние сакаме да дојде до смирување на ситуацијата и да живееме во мир, но Израелците не го сакаат тоа,“ вели овој Палестинец.