1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ќе следат корекции во Eнциклопедијата на Македонија?

Претседателот на МАНУ Георги Старделов смета дека се потребни корекции во Енциклопедијата по незадоволството кај етничките Албанци и нивните научници. Британската амбасада реагира на одредени тврдења во Енциклопедијата.

default

Неопходни се корекции во неколку одредници од Енциклопедијата на Македонија, што оправдано предизвикуваат незадоволство кај научната јавност од албанската етничка заедница и не се научно фундирани. Оваа констатација денеска за „Дојче веле“ ја соопшти претседателот на МАНУ, Георги Старделов, од кого медиумите очекуваа прва официјална изјава. Тој ќе разговара и со академиците од албанската етничка заедница, кои најавија откажување на своето членство, доколку не бидат изменети спорните оценки и квалификации околу автохтоноста на народите на територијата на Македонија, за ОНА и за лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Се состана и Главниот редакциски одбор, кој ја подготви двотомната Енциклопедија на Македонија.

Mazedonische Akademie für Wissenschaft und Kunst

МАНУ на потег

Британската амбасада со писмено барање до МАНУ

До МАНУ денеска писмено се обрати и Британската амбасада која побара да се исправи и отстрани текстот дека британските специјални единици САС, ги обучувале припадниците на ОНА.

„Воопшто немаше таква обука од силите на Велика Британија. Тоа е сосема јасно и апелирам до МАНУ тоа да го коригира. Многу е важно за ваква книга сите факти да бидат потврдени и точни и сите толкувања и тези да бидат сеопфатни и да не бидат пристрасни“, изјави британскиот амбасадор во Македонија, Ендру Ки.

Двотомното енциклопедиско остварување, кое беше промовирано минатата недела се‘ уште не е достапно до широката публика иако и други амбасади од соседни земји, пред се‘ Албанија и Бугарија, искажале интерес за фактите и квалификациите во него сврзани со овие држави и односите со Македонија.

Во меѓувреме писмо со незадоволство до МАНУ испратија претставници на македонскаста дијаспора од Австралија, реагирајќи што во Енциклопедијата нема делови за историските корени на Античка Македонија.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска