1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ќе се гради „Јужен тек“

Русија и Турција потпишаа договор за изградба на гасовод, преку кој руски гас ќе може да се испорачува кон Европа, а да биде заобиколена Украина. Премиерите на двете земји разговраа за прашања од енергетската политика.

default

Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоан

За Владимир Путин средбата беше успешна, зашто Турција и Русија по долгогодишни преговори конечно постигнаа согласност за изградба на гасовод преку Црното море. Гасоводот наречен „Јужен тек“ треба со заобиколување на Украина да пренесува природен гас во Бугарија и натаму кон Централна Европа. Проектот го зајакнува и статусот на Анкара како важна земја за транзит на енергија, истакна премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоан:„Согласно со добрата клима на пријателство и соработка меѓу двете земји, Турција и одобри на Русија, во труските води на Црното море да спроведе физибилити студија за планираниот гасовод ’Јужен тек’.“

Türkei Berlusconi Erdogan Putin

Берлускони присуствуваше на средбата во Анкара

Од 2011 треба да започне изградбата на гасоводот. На церемонијата на потпишување на договорот присуствуваше и италијанскиот премиер Силвио Берлускони, зашто италијанскиот енергетски концерн ЕНИ работи заедно со рускиот ГАЗПРОМ. Проектот „Јужен тек“, форсиран од Москва е насочен против планираниот гасовод „Набуко“, со кој Европа сака да ја намали зависноста од руски гас. „Набуко“ за чија изградба пред неполн месец се договорија Турција и ЕУ, треба да пренесува гас од Каспиското море и Ирак преку Турција кон Европа.

Покрај спогодбата за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ беше потпишана и спогодба за испорака на руска нафта во местото Самсун во Северна Турција. Од таму таа преку нафтовод треба да оди кон местото Чејхан на Средоземното море. Со оваа мерка, би требало да се намали сообраќајот на танкери преку Босфорот и Дарданелите.

Автор: Улрих Пик / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска